More

    Невреме со силен ветер, пороен дожд и грмежи доцна попладнево ја зафати Скопската котлина

    spot_img

    Невреме со силен ветер, пороен дожд и грмежи доцна попладнево ја зафати Скопската котлина, поизразено во нејзините источни делови, информираат од УХМР.

    Попладнево на повеќе места во државава времето беше нестабилно со пороен дожд, грмежи и силен ветер, локално во форма на невреме со појава на град.

    До крајот на денот, како што соопштија од УХМР, времето ќе биде променливо облачно, локално и понатаму со пороен дожд, грмежи и силен ветер. И во следните часови ќе има услови за поинтензивни процеси во форма на невреме.

    Утре времето ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, особено во крајните западни и крајните источни делови. Попладне наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Ќе дува силен југозападен ветер. Кон крајот на денот поради заладување на планините врнежите ќе преминат во снег.

    Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 13, а максималната ќе достигне од 11 до 20 степени.

    Во Скопје променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува силен југозападен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне 16 степени.

    Во следните денови ќе се задржи променливо облачно и посвежо време со повремени локални врнежи од дожд, а на планините со локални врнежи од снег.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img