More

    Нетанјаху изнесе план за тоа како треба да изгледа Газа по војната

    spot_img

    Нетанјаху изнесе план за тоа како треба да изгледа Газа по војната
    Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху го претстави планот „пост-Хамас“ за Газа, кој вклучува „целосна демилитаризација“ на енклавата, затворање на јужната граница со Египет, како и ремонт на цивилната администрација и образовниот систем во Газа.

    Си-Ен-Ен доби копија од планот, кој Нетанјаху им го претстави на членовите на израелскиот безбедносен кабинет во четвртокот навечер.

    Во исто време, Израел денеска испрати преговарачки тим, предводен од директорот на Мосад, Дејвид Барни, во Париз за да ги продолжи разговорите за потенцијален прекин на огнот и договор за ослободување на заложниците.

    Евентуалниот договор може да стави крај на четиримесечната војна.

    Да потсетиме дека повеќе од 29.000 луѓе се убиени во Газа од почетокот на конфликтот, според Министерството за здравство во Газа. Во нападот на Хамас на 7 октомври, според израелските власти во Израел биле убиени 1.200 луѓе.

    Документот наведува бројни принципи, од промени на безбедносно и цивилно ниво до долгорочни планови за тоа кој управува со територијата.

    Планот вклучува затворање на јужната граница на Газа со Египет, што ќе му даде на Израел целосна контрола врз влезот и излезот од енклавата.

    Во моментов, Египет го контролира пристапот до јужната граница на Газа преку преминот Рафах.

    Во планот на Нетанјаху се наведува дека Израел ќе соработува „колку што е можно повеќе“ со Египет, во координација со САД.

    Не е јасно дали Израел ја добил согласноста на Египет за тоа или некој друг дел од планот, но израелски официјален претставник изјави за Си-Ен-Ен дека предлогот бил „координиран“ со САД.

    Израел бара контрола над Газа и Западниот Брег
    Планот тврди, како што претходно рече Нетанјаху, дека „Израел ќе има безбедносна контрола врз целата област западно од Јордан“, која го вклучува целиот Западен Брег и Израел, како и Газа.

    Палестинците долго време бараат независна држава на окупираниот Западен Брег, Источен Ерусалим и Газа.

    Израел ќе биде одговорен за „спроведување и надзор“ на демилитаризацијата на Појасот Газа, се наведува во планот, не сметајќи го оружјето потребно за одржување на јавниот ред.

    На цивилно ниво, Нетанјаху дава детали за ремонт на администрацијата и образовниот систем на Газа, вклучително и прекинување на финансирањето на Газа од Катар – што претходната влада на Нетанјаху го одобри и овозможи.

    Локалните ентитети кои ја водат државната служба „нема да се идентификуваат себеси со земји или ентитети кои го поддржуваат тероризмот и нема да добиваат исплати од нив“, се вели во планот.

    Иако ова е веројатно упатување на Катар, не е јасно дали тоа би се однесувало и на палестинската управа, ревитализирана верзија на која САД рекоа дека треба да управува со Газа во иднина.

    Планот на Нетанјаху бара и „дерадикализација“ на образовниот систем. Израел и неговите сојузници долго време го обвинуваат образовниот систем на Газа дека промовира антисемитизам и омраза кон Израел.

    Планот повторува дека Израел ќе работи на затворање на UNRWA, главната агенција на Обединетите нации која ги поддржува палестинските бегалци, и ќе работи да ја замени со „одговорни меѓународни агенции за помош“.

    Израел обвинува десетина вработени во УНРВА дека се директно вклучени во нападот на Хамас на 7 октомври. Агенцијата вработува околу 13.000 луѓе во Газа.

    Конечно, планот го повторува инсистирањето на Израел дека меѓународната заедница нема да го присили да признае палестинска држава.

    „Израел целосно ги отфрла меѓународните диктати за трајно спогодување со Палестинците“, рече Нетанјаху, истакнувајќи дека сегашното признавање на палестинската држава ќе биде „огромна награда за невиден тероризам“.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img