More

    Нереди пред фан зоната во Доха

    spot_img

    Хаотични сцени беа забележани во фан зоната во центарот на Доха, кога десетици илјади навивачи се тепаа со полицијата за да влезат во областа и да го проследат првиот натпревар на Светското првенство во Катар.

    Светското првенство во Катар започна со мечот меѓу домашната селекција и Еквадор, а навивачите се обидоа да влезат во специјално определениот простор наречен фан зона, каде што беше поставен голем екран за следење на натпреварите, но и место каде што може купи пиво и други ситници.

    Полицијата за безредијата вооружена со палки и штитови го обезбедуваше влезот, а некои навивачи ја молеа полицијата да ги пушти.

    „Ова е многу ризично, луѓето би можеле да умрат. Старите, жените, не можат да се справат со вакви гужви. Фала му на Бога што сум висок за да можам да дишам во толпата. Но, видов некои деца и им реков да ги земат за да дишат“, изјави Ирачанецот Хатем Ел-Берари, посетител и фудбалски навивач.

    Тој додал дека видел луѓе како се туркаат и жени како плачат.

    „Моето семејство е внатре. Не можам да влезам да ги видам, не знам што да правам“, рече тој.

    Засега не се знае дали има повредени или уапсени.

    Интервентната полиција беше распоредена по сличен инцидент во саботата вечерта на концерт пред Светското првенство кога посетителите се обидоа да влезат во фан зоната во паркот Ал Бида.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img