More

    Непознат маж украл автомобил во Загреб сосе дете на задното седиште, а полицијата трага по крадецот

    spot_img

    Непознат маж украл автомобил во Загреб сосе дете на задното седиште, а полицијата трага по крадецот и се обидува да ги утврдува сите околности на кражбата што се случила вчера околу 17 часот на Максимир.

    Како што пишува Дневник.хр, автомобилот бил украден вчера попладне на улицата Буковачка.

    Сведоци за весникот рекле дека виделе преплашен маж како трча по автомобилот. Тие велат дека таткото го оставил автомобилот да работи пред пекарницата.

    – Ги вклучи сите четири трепкачи. Влезе во пекарницата, а неговото невнимание го искористи крадец кој го украде автомобилот, но сосе детето на задното седиште. Во целосен шок сум – изјави жена која случајно се нашла на местото.

    Детето набрзо било пронајдено неповредено недалеку од пекарницата, а истрагата е во тек, како и потрагата по избеганиот крадец, информирале од полицијата.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img