More

    Неколку знаци на лицето може да укажуваат на покачен холестерол

    spot_img

    Многу луѓе откриваат дека имаат превисок холестерол само кога ќе развијат проблеми со срцето или крвните садови. Сепак, важно е да се препознаат раните знаци на висок холестерол.

    Високиот холестерол е еден од најважните фактори на ризик за појава на болести на срцето и крвотокот, но постојат одредени симптоми кои можат да укажат дека имаме проблеми со него уште од самиот почеток. Како што пренесува Medical News Today, постојат знаци кои јасно ни откриваат дека имаме покачено ниво на холестерол во крвта.

    Покрај класичните симптоми како горење на рацете и нозете, забрзано чукање на срцето и болки во вратот, има и такви кои ретко кој би ги поврзал со холестерол. Во некои случаи, високото ниво на холестерол може да предизвика необични промени на нашето лице, вклучувајќи жолтеникави дамки или испакнатини во средината на горните и долните очни капаци.

    За лекување на овие знаци на висок холестерол, лекарот може да препорача лекови или промени во животниот стил за лекување на основната причина, пренесува Danas.rs.

    Во секој случај, доколку ги забележите, консултирајте се со лекар.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img