More

    Нејмар се здоби со страшна повреда и во солзи беше изнесен на носилки…

    spot_img

    Нејмар во солзи го напушти теренот во 44. минута од квалификациите за Светското првенство 2026 година во кој Уругвај го победи Бразил со 2-0.

    Бразилскиот ас се сопна додека трчаше и само падна на теренот на стадионот Сентенарио во Монтевидео. Брзо беше опкружен со играчи од двата тима.

    Набрзо беше изнесен од теренот во солзи, со двете раце на лицето. Тој беше заменет од Ричарлисон. Лекарот на Бразил, Родриго Ласмар, изјави дека е премногу рано да се зборува за сериозноста на повредата.

    „Направивме видео и ќе го направиме повторно утре. Следните 24 часа се клучни за да видиме како ќе реагира коленото и каква слика ќе добиеме. Се ќе објавиме кога ќе имаме точна дијагноза“.

    По натпреварот на Инстаграм се огласи и Нејмар.

    „Бог знае сè. Сета чест и сета слава Ти припаѓаат, Господи. Без разлика на се, јас секогаш имам вера“.

    Нејмар поради повреда пропушти добар дел од минатата сезона во ПСЖ. Сега се чини дека истата судбина го чека и во Ал Хилал. За Бразил одличниот напаѓач одигра 128 натпревари и постигна 79 голови.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img