More

    Нејмар – Чави не го сака, Челзи, саудиско богатство или…

    spot_img

    Напаѓачот на Пари Сен Жермен, Нејмар наводно побарал дозвола од раководството на францускиот шампион да ги напушти „светците“ и да се врати во Барселона, а според медиумите интерес покажале Челзи и неименуван клуб од Саудиска Арабија.

    „Футмеркато“ тврди дека бразилскиот репрезентативец добил понуда од Саудиска Арабија со плата меѓу 300 и 400 милиони евра.

    Во исто време, RMC Sport пренесува дека менаџерите на Нејмар се во преговори со Челзи.

    Новиот тренер на Пари Сен Жермен, Луис Енрике сака Нејмар да остане во Париз, но Бразилецот наводно е решен да го напушти клубот по Лео Меси. Враќањето во Барселона е приоритет, но неверојатна опција бидејќи Чави не ја поддржува идејата.

    За потпис на ѕвездата на ПСЖ е заинтересиран и еден од бразилските клубови, но Нејмар се уште не сака да се врати во татковината.

    Во меѓувреме се огласи таткото на фудбалерот на францускиот тим кој ги демантираше информациите на L’Equipe.

    „Не можам да потврдам вест што не се случи. L’Equipe, L’Fake“, изјави таткото на Нејмар.

    31-годишниот фудбалер дојде во ПСЖ од Барселона во 2017 година за рекордни 222 милиони евра, а минатата сезона на 20 натпревари во Лига 1 постигна 20 гола со 11 асистенции.

     

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img