More

    Неименуваниот херој успеал да го смири напаѓачот кој со себе носел бомба

    spot_img

    Неверојатната приказна за храбриот таксист кој го возел напаѓачот Урош Б. од Младеновац беше откриена од извор близок до истрагата. Урош го изврши вториот од масакрите кои на 3 и 4 мај ја завија Србија во црно.

    Таксисот успеал да го убеди 21-годишникот да дозволи да ја однесе бремената жена која била во таксито до нејзината локација, а дека потоа ќе го однесе него каде што ќе посака, пишува српскиот портал Ало. Тој пробувал да го смири Урош, му велел дека сè ќе биде во ред и успеал да ја спаси жената. Познато е дека Урош со себе носел експлозив и се заканувал. Тој таксито го фатил на наплатната рампа во Мали Пожаревац додека бегал од полицијата.

    – Зборуваме за искусен таксист. Наводно, Урош планирал да ја убие трудницата, но и таксистот откако го однел на саканата локација. Држејќи бомба во рацете, побарал од таксистот да го вози до Вињиште во куќата на неговиот вујко, каде што се криел до апсењето – вели извор близок до истрагата.

    Таксистот бил изненаден дека Урош Б. го поштедил излегувајќи од таксито. После тоа таксистот повикал полиција, вели изворот. На него буквално „му се пресекле нозете“ по ова трауматично искуство и колегите велат дека зел боледување и извесно време не се појавувал на работа.

    Урош Блажиќ во селата Дубона и Мало Орашје уби осум млади луѓе и рани 14 селани.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img