More

    Случај со девојче во основно училиште ја вознемири Србија

    spot_img

    Девојче од завршната година на белградското основно училиште „Милена Павловиќ Барили“ носело нож во ранецот и напишало список со имињата на учениците што сакало да ги убие, јавуваат српските медиуми.

    – Таткото на едно девојче од тоа одделение му испратил на класниот раководител  фотографија од лист тетратка на која имало имиња на неколку ученици со наслов „цел“(мета). Според него, тоа било сликано во тетратката на ученичка од тој клас. За ова ме извести класниот раководител, а потоа постапив според процедурите наложени од Министерството за образование за училиштата кога ќе се случат такви ситуации – изјавила Оливера Корошец, директорка на белградското основно училиште „Милена Павловиќ Барили“.

    Како што вели таа, целиот случај е пријавен кај надлежните и се работи на расветлување на сите детали.

    – Случајот е пријавен во полиција и списокот е предаден. Полицијата работи на натамошно расчистување на случајот, дали списокот е напишан по овие трагични настани, дали постоел и претходно, па затоа е додаден само насловот, дали девојката го напишала, како дошло до тоа да ја поседува таа фотографија и дали воопшто била фотографирана во тетратката на некој од учениците во нашето училиште. Полицијата презела мерки и дејствија и проверува кај училишниот психолог – вели директорката додавајќи дека следниот чекор е да се закаже родителски состанок.

    На прашањето дали девојчето претходно било проблематично, директорката одговори дека сè уште не е утврдено кој и поради која причина го составил списокот и дека нема да издвојува никого додека полицијата прво не го одработи своето.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img