More

    Најверојатно и утре ќе се штрајкува во училиштата?

    spot_img

    Ќе договориме скратена програма со Министерството за образование и со Бирото за развој, да се имплементира во наставата скратена програма, не би било фер учениците да имаат дополнителна настава, па да испаднат најголеми жртви на штрајкот, изјави за Плусинфо првиот човек на Синдикатот за образование, наука и култура (СОНК), Јаким Неделков.

    Тој претпоставува дека штрајкот ќе продолжи и во текот на утрешниот ден, бидејќи постои варијанта дури во попладневните часови, тој и останатите претставници на СОНК да бидат повикани на консултации во Влада.

    – Од Министерството за образование ни укажаа дека интензивно работат на пресметките, па очекуваме да нè повикаат во Влада на преговори. Тоа значи дека и утре најверојатно нема да има настава, бидејќи ќе ни треба време да заземеме став во раководството на СОНК околу евентуалната понуда што ќе ја добиеме – вели Неделков.

    Синдикалниот лидер вели дека е презадоволен од организацијата на штрајкот на работниџците во образованието.

    – Со мали исклучоци, штрајкот е масовен и поддржан од нашите членови – додава претседателот на СОНК.

    Во меѓувреме се огласија од Владата, тврдејќи дека во периодот од 2017 до 2022 година, платите во образованието се покачени за 21 отсто.

    „Од 2017 до 2022 година со воведувањето на новата методологија за пресметка беше постигнато најголемото зголемување на платите на вработените во градинките. Во 2017 година неговател/ка во градинка земаше 14.493 денари плата. Во 2022 просечно исплатена плата за месец февруари на неговател/ка е 19.560 денари плус минат труд. Разликата е 5.067 денари повеќе на сметката на овие вработени, плус додатокот за минат труд. Платата на воспитувач/ка во градинка во 2017 година изнесувала 19.200 денари, додека во 2022 година, 25.642 денари плус додатокот за минат труд. Зголемувањето овде е 6.442 денари, плус минатиот труд“, се вели во владиното соопштение.

    Од Владата порачаа дека го охрабруваат синдикатот, да го продолжи дијалогот, но со совет барањата на синдикалните лидери да бидат реални.

    „Барањата треба да бидат реални и да произлегуваат од чувството кое го налага моментот. Во услови на исклучителна светска економска криза која не заобиколи ниту една земја, па ниту нашата, Владата во заеднички дијалог со репрезентативните синдикати продолжува да обезбедува системски решенија со кои ќе го продолжи зголемувањето на платите за вработените во училиштата и градинките“, се вели во соопштението.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img