More

    Најмалку осум експлозии се случиле околу полноќ во близина на воениот аеродром Зјабровка

    spot_img

    Белорусија објави дека причината за експлозиите што се слушнале во текот на ноќта во една од нејзините воени бази, лоцирана на 30 километри од границата со Украина, е „технички инцидент“.

    Најмалку осум експлозии се случиле околу полноќ во близина на воениот аеродром Зјабровка, според извештаите кои Ројтерс сè уште не може да ги потврди.

    Коментирајќи го инцидентот, белоруското Министерство за одбрана соопшти дека „моторот на возилото се запалил по замената“ и дека „нема жртви“. Украина одби јавно да ја преземе одговорноста за експлозиите во базата, но не исклучува ниту дека стои зад нив.

     

     

    Инцидентот уследи по силните експлозии во руската воздухопловна база Саки во анектираниот Крим, за кои Москва, исто така, рече дека биле несреќен случај.

     

     

    Речиси идентични кратери на сателитски снимки и симултани експлозии покажуваат дека воениот аеродром можеби бил погоден од ново оружје со долг дострел што може да ја заобиколи руската противвоздушна одбрана.

     

     

    По информациите за експлозии и во Белорусија, советникот на украинскиот претседател Михаило Подољак зборуваше за „епидемија на технички инциденти“.

    „Епидемијата на технички инциденти во воените бази на Крим и Белорусија треба да послужи како предупредување за руската армија: заборавете на Украина, соблечете ја униформата и заминете“, напиша Подољак на Твитер.

    „Нема да се чувствувате безбедно ниту во окупираниот Крим ниту во окупирана Белорусија. Кармата ќе ве достигне каде било“, додава тој.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img