More

    Најмалку две лица се убиени во серија напади што руските сили ги започнаа рано утринава врз украинскиот град Харков, според прелиминарниот биланс објавен од локалните власти кои го осудија гранатирањето врз цивилни цели

    spot_img

    Најмалку две лица се убиени во серија напади што руските сили ги започнаа рано утринава врз украинскиот град Харков, според прелиминарниот биланс објавен од локалните власти кои го осудија гранатирањето врз цивилни цели, објави Си-ен-би-си.

    Гувернерот на регионот, Олег Синегубов, и градоначалникот, Игор Терехов, на социјалните мрежи го потврдија овој биланс, во кој има и најмалку 6 ранети.

    Само во областа Харков во источна Украина, украинските власти забележаа околу 20 бомбашки напади во последните 24 часа.

    Руските акции изминатиот период се шират и надвор од линијата на фронтот, а во напад врз украинскиот град Одеса загинаа најмалку пет лица.

    Во Одеса беше погоден историски објект кој и припаѓаше на судската академија, а според надлежните, објектот бил погоден со проектил „Искандер“ со касетна муниција.

    Овие проектили, со оружјето кое Украина го има на располагање, се тешки за пресретнување.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img