More

    Врховниот судија Наке Георгиев ќе оди во 30-дневен притвор во Шутка

    spot_img

    Врховниот судија Наке Георгиев ќе оди во 30-дневен притвор во Шутка. Судија на претходна постпакаа при Основниот кривичен суд во Скопје го прифати предлогот на Основното јавно обвининтелство  за гонење организиран криминал(ОЈО ГОКК).

    „По произнесување на осомничениот во присуство на неговиот бранител, како и ценење на фактите и доказите приложени од страна на  Јавниот обвинител донесе решение со кое предлогот се уважува, а на осомничениот му се определува мерка притвор во траење од 30 дена заради постоење на основите од чл. 165 ст. 1 точка 2 и 3 односно Може да ја попречи кривичната постапка со влијание врз сведоците,  и околности кои  упатуваат дека ќе го доврши или повтори кривичното дело. Против ова решение странките имаат право на жалба пред Кривичниот совет“.

    Георгиев е првоосомничен  дека зел мито од 10.000 евра. Основното јавно обвинителство (ОЈО ГОКК) побара мерки за претазливост и одземање на пасошот за Иџет Мемети, заменик претседател и член на Советот на јавни обвинители кој е второосомничен за можно примање мито во случајот со врховниот судија Наке Георгиев.

    На осомничениот Мемети привремено ќе му биде одземена патната исправа за преминување на државната граница, односно забрана за издавање на нова патна или друга исправа за преминување на државна граница на име на осомничениот, како и забрана за употреба на лична карта на име на осомничениот како исправа за преминување на државната граница.

    Во барањето се наведува мерките да траат додека постои потреба, а најдоцна до правосилноста на пресудата согласно чл. 146 ст.5 од ЗКП.

    Во центарот на оваа истрага е екс градоначалникот на Ново Село, Боро Стојчев, познат под прекарот Малборо, кој се сомничи за шверц со марихуана. Според пријавата на неговиот син двајцата осомничени лажно ветувале дека ќе извршат влијание во корист на неговиот татко. Обележани пари им биле подарени, а полицијата извршила истрага.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img