More

    Наградена е сторијата за местениот надзор врз „Бехтел и Енка“

    spot_img

    На годишниот конкурс за новинарски награди „Никола Младенов 2023“, новинарот Александар Димитриевски ја доби првата награда за неговата истражувачка сторија, објавена во емисијата „360 степени“, со наслов „Од фирма за долна облека до надзор над проект од 1,3 милијарди евра со позајмени експерти“.

    Серијалот текстови и видео прилози на Димитриевски открива сериозни нерегуларности во тендерската постапка за избор на надзор врз најголемиот и најскапиот инфраструктурен проект во историјата на земјава – изградбата на автопатите од страна на конзорциумот Бехтел-Енка – оценува Македонскиот институт за медиуми.

    Втората награда ја доби новинарката Ирена Мулачка за серија текстови поврзани со Клиниката за онкологија, објавени во неделникот „Фокус“. Третата награда ја доби новинарот Мартин Пушевски за текстови против отворање на рудникот „Иловица“, објавени на порталот „Дома“.

    Наградата доби и тимот на Истражувачката репортерска лабораторија за истражувачкиот документарен филм „Убиство во Тетово“, емитуван на МТВ1.

    Фоторепортерот Томислав Георгиев ја доби наградата за Најдобра репортерска фотографија за фотографијата „Црква“, објавена во интернет изданието на неделникот „Фокус“.

    Наградите за најдобра истражувачка сторија МИМ ги доделува традиционално од 2001 година, а од 2013 година, наградата го носи името на угледниот новинар и сопственик на неделникот „Фокус“, Никола Младенов.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img