More

    На 2 отсто порасна основната каматна стапка

    spot_img

    Народната банка за сголеми основната каматна стапка на 2 отсто. Одлуката ја донесе Комитетот за оперативна монетарна политика на Народната банка на денешната седница.

    Ова е трето зголемување на основната каматна стапка годинава. Претходните беа во април и мај кога основната каматна стапка беше зголемена за по 0,25 отсто.

    „ Комитетот одлучи да се изврши ново зголемување на каматната стапка на благајничките записи за 0,25 п.п., до нивото од 2%. На оваа седница на Комитетот беше одлучено да се зголемат и каматните стапки на расположливите депозити преку ноќ и на седум дена, за по 0,25 п.п. и 0,15 п.п., соодветно, на ниво од 0,40% и 0,45%. Понудата на благајнички записи на редовната аукција не се промени и изнесува 10 милијарди денари“ соопшти Народна банка.

    Ова е еден од инструментите кои Централната банка ги имас на располагање за смирување на инфлацијата.

    Народна банка презеде и други мерки поврзани со инфлацијата.

    „Имајќи ги предвид инфлациските движења, но и движењата на девизниот пазар, Народната банка постојано ги користи сите расположливи инструменти за управување со ликвидноста и за влијание врз каматните стапки. Интервенциите на Народната банка на девизниот пазар, во континуитет од последниот квартал минатата година па наваму, влијаат за намалување на ликвидноста, а за да се одржи нејзиното оптимално ниво се користат и останатите инструменти, како што се депозитот преку ноќ, седумдневниот депозит, репо-операциите и благајничките записи. Беше направена и нова измена кај инструментот задолжителна резерва со цел понасочено делување на процесот на евроизација, кој дополнително влијае на побарувачката на девизниот пазар. Оваа мерка е во склад и со Стратегијата за денаризација на домашната економија“,појаснува Народна банка за преземената мерка.

    Народната банка , како што соопшти, очекува  овие мерки, во услови на стабилност на девизниот курс на денарот, да поттикнат промени во каматната политика на банките во насока на пораст на каматните стапки на штедењето во домашна валута и натамошен раст на депозитите кај банките во денари.

    „При донесувањето на одлуката за натамошно затегнување на монетарната политика беа земени предвид најновите движења кај инфлацијата, којашто и понатаму се зголемува. Во периодот јануари – мај 2022 година инфлацијата во просек изнесува 9,1%, што е умерено повисоко во однос на нашите последните проекции во услови на поизразен раст на цените на примарните производи на светските берзи. Со оглед на повисокиот раст на примарните производи, кој е и подолготраен, присутни се и пренесени ефекти кај поголемиот дел од производите и услугите, така што има забрзување и кај базичната инфлација. Ваквите остварувања дополнително ги подгреваат инфлациските очекувања, што уште повеќе ја нагласува потребата за водење претпазливи домашни политики“ се додава во соопштението.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img