More

    МВР – Извадок на дел од дневните настани 18.02.2022

    spot_img

    Денеска (18.02.2022) околу 09.20 часот, полициски службеници на СВР Тетово, со судска наредба, го привеле 25-годишниот тетовец А.С. за издржување на затворска казна. Тој бил спроведен во Казнено-поправната установа Затвор „Тетово“ во Тетово за издржување на казната.

    На 18.02.2022 околу 00.10 часот на улица „Гоце Делчев“ во Гостивар, полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар, со судска наредба, го привеле 21-годишниот гостиварец Ј.А. од Гостивар за издржување на затворска казна. По приведувањето, Ј.А. бил спроведен во Казнено-поправната установа Затвор „Тетово“ во Тетово за издржување на казната. 

     На 17.02.2022 во периодот од 10.00 до 12.00 часот, полициски службеници од СВР Куманово ги лишиле од слобода Љ.Ѓ.(19), К.С.(19) и С.С.(18), сите од Куманово. Тие се сомничат дека на 09.11.2021 одзеле предмети од три патнички моторни возила на различни локации од Куманово. Тие биле приведени во полициска станица, а украдените предмети биле пронајдени и вратени на сопствениците. По целосно документирање на случајот против лицата ќе биде поднесена сооодветна пријава.

     На 17.02.2022 во 23.30 часот во Кавадарци, полициски службеници од Полициската станица Кавадарци го лишиле од слобода А.П.(37) од с.Ваташа, кавадаречко, затоа што кај него бил пронајден и одземен хероин.  По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

     На 17.02.2022 во 12.30 часот на ул.„Вардарска“ во Велес, полициски службеници од СВР Велес ги лишиле од слобода Љ.Л.(19), Ј.М.(20), С.С.(20) и М.Ѓ.(23), сите од Велес, затоа што кај нив била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

     На 18.02.2022 во 02.30 часот на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода П.Ѓ.(26) од Пехчево, затоа што кај него била пронајдена прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

     На 17.02.2022 во 13.20 часот на подрачјето на Центар, полициски службеници од Полициската станица Центар го лишиле од слобода Б.С.(32) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

    На 17.02.2022 на ул.„Север-Југ“ во Битола, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Битола го лишиле од слобода  А.А.(29) од Битола, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

     На 15.02.2022 во 12.40 часот во СВР Охрид било пријавено дека во водите на Охридското Eзеро, кај Пештани, биле забележани 4 гранати. Увид извршил тим од Дирекцијата за заштита и спасување и полициски екипи и било констатирано дека станува збор за две неексплодирани минофрлачки мини калибар 75 милиметри и 2 артилериски гранати калибар 122 милиметри. Експлозивните направи биле безбедно подигнати за натамошна постапка.

     На 17.02.2022 во периодот од 15.00 до 18.00 часот, полициски службеници од ОВР Прилеп на патот кон вештачкото езеро во Прилеп ги затекнале Р.Ј.(39), М.Б.(50), С.А.(45) и Р.С.(23), сите од Прилеп, како превезуваат бесправно исечени дабови дрва. На друга локација, во близина на Прилеп, пронајдени се бесправно исечени дабови дрва. Во текот на преземањето на дејствата, од полициските службеници било затекнато и возило „опел аскона“, со лажни регистарски ознаки, управувано од А.К.(59), кое е одземено за натамошна постапка. По документирање на случаите против лицата ќе бидат поднесени соодветни пријави.

    На 17.02.2022 во периодот од 16.00 до 20.00 часот на поширокото гостиварско подрачје била спроведена сообраќајна контрола за прекршоци што ги прават пешаците во сообраќајот. Притоа, биле откриени и соодветно санкционирани 9 прекршоци, кои во најголем број се однесувале на непрописно преминување на улиците надвор од пешачки премини. Вчера, исто така, од 08.00 до 20.00 часот, на подрачјето на СВР Тетово  спроведени се и активности за санкционирање на возењето со недозволена брзина, во рамките на кои биле санкционирани 15 возачи (ТЕ-7 и ГВ-8) кои ја пречекориле максимално дозволената брзина надвор од населено место, од кои 2(ТЕ) за повеќе од 50 километри на час од дозволеното. На сите им се изготвени поднесоци, а со поднесоци биле заокружени и 56 други видови сообраќајни прекршоци (ТЕ-42 и ГВ-14).

     На 17.02.2022 на подрачјето на СВР Штип, полициски службеници спроведоа акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од пропишаната. За време на контролата биле констатирани 39 прекршоци, од кои 26 во населено место и 13 надвор од населено место. На сите возачи им биле изречени соодветни санкции. Истиот ден, во периодот од 16.00 до 20.00 часот, на подрачјето на СВР Штип спроведена е акциска контрола за прекршоците што ги прават пешаците во сообраќајот. Од извршената контрола биле констатирани 23 прекршоци. На сите им биле изготвени соодветни поднесоци. Санкционирани биле и 25 други видови на прекршоци, од кои 9 за управување возило без возачка дозвола, 6 за нерегистрирано возило, 1 за управување возило под дејство на алкохол, 1 за користење мобилен телефон и 8 за непрописно паркирање.

     Вчера (17.02.2022), на подрачјето на Куманово, полициски службеници од СВР Куманово спроведоа акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возило со брзина поголема од пропишаната, при што санкционирани се 25 возачи.

     На 17.02.2022 во периодот од 16.00 до 20.00 часот на подрачјето на СВР Велес била спроведена акциска контрола за санкционирање прекршоци што ги чинат пешаците во сообраќајот. Притоа, биле констатирани и санкционирани 11 прекршоци.

    На 17.02.2022 на подрачјето на Дебар била спроведена акциска контрола на автобуси и други моторни возила кои вршат јавен превоз на патници. Притоа, 3 автобуси се упатени на вонреден технички преглед, при што кај 2 се констатирани технички неисправности на уредот за сопирање. Тие биле исклучени од сообраќај и биле соодветно санкционирани.

    На 17.02.2022 во 01.00 часот во Полициската станица Центар, В.С.(33) од Битола пријавил дека на кеј „13 Ноември“ бил каснат од куче скитник.

    На 17.02.2022 во 11.45 часот во Полициската станица Аеродром, Ј.Т.(57) од Скопје пријавила дека на бул.„Видое Смилески-Бато“ била касната од куче скитник.

     На 17.02.2022 во 20.20 часот во Полициската станица Драчево, А.Г.(34) од Скопје пријавил дека  на ул.„Иван Хаџиниколов“ неговиот малолетен син бил каснат од куче скитник. 

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img