More

    МВР – Извадок на дел од дневните настани 30 Март, 2023

    spot_img

    На 29.03.2023 полициски службеници од Полициската станица  Кавадарци го лишиле од слобода Д.А.(35) од Кавадарци. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, се пронајдени и одземени едно пакување со марихуана и дигитална вага. Лицето е приведено во полициската станица во Кавадарци и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

    Полициски службеници на СВР Тетово на 29.03.2023 околу 14.20 часот, на улица „Илинденска“ во Тетово, го лишиле од слобода 26-годишниот тетовец Б.Б., затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. Тој е задржан во Полициската станица Тетово и по целосно документирање на случајот ќе му биде изготвен соодветен поднесок.

    Денеска (30.03.2023) полициски службеници од Полициската станица  Велес го лишиле од слобода М.Ѓ.(23) од Велес. При преглед кај него било пронајдено и одземено пакување марихуана. Лицето е приведено во полициската станица во Велес и по целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

    На 29.03.2023 околу 16.30 часот, на улица „107“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово ги лишиле од слобода 32-годишниот тетовец Л.М., како и Г.А.(24) и Д.Б.(19) од Република Албанија. При нивен преглед им била пронајдена марихуана, по што тројцата се задржани во Полициската станица Тетово за расчистување и документирање на случајот.

    На 29.03.2023 во 21.00 часот во Скопје на ул.„Беласица“ полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Ф.И.(38) од Скопје. При контрола во патничко возило „форд“ со скопски регистарски ознаки, кое тој го управувал, биле пронајдени три лица мигранти, од кои две од Сирија и едно од Пакистан. Истите биле задржани во полициска станица за понатамошна постапка, а по документирање на случајот против Ф.И. ќе следува соодветен поднесок.

    На 29.03.2023 во 17.55 часот на подрачјето на Ѓорче Петров, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ги лишиле од слобода Д.Д.(29) и Б.А.(40) двајцата од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

    На 29.03.2023 година во 18.30 часот во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода И.С.(46) од Скопје. За него била распишана централна потерница врз основа на  наредба од Казнено-поправната установа „Затвор Скопје“, со која се барал за доиздржување на казна затвор. Тој е спроведен во казнено-поправната установа на доиздржување на затворската казна.

    На 29.03.2023 година околу 12.00 часот, од водите на Охридското езеро, во близина на Градското пристаниште, безбедно е извадена неексплодирана бомба М-24, која датира од Втората светска војна. Вадењето и транспортирањето на бомбата е извршено од страна на пиротехничари од Дирекцијата за заштита и спасување.

    Во текот на вчерашниот ден (29.03.2023) Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 210 возачи. Од нив девет возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а едно возило се движело со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 112 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 98 надвор од населено место.

    Во текот на вчерашниот ден (29.03.2023), во периодот од 08.00 до 13.00 часот, Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола за санкционирање на возила кои не даваат првенство на минување на крстосница на територијата на Република Северна Македонија, при што санкционирани се 25 возачи. Од нив, пет на територијата на СВР Битола…За време на контролата биле санкционирани и 170 други видови на сообраќајни прекршоци. Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

    На 29.03.2023 на подрачјето на СВР Штип била спроведена акциска контрола на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од пропишаната. За време на контролата биле констатирани 20 прекршоци, од кои 12 во населено место и 8 надвор од населено место. Санкционирани биле и 26 други видови на прекршоци, од кои 5 за управување возило без возачка дозвола, 1 за нерегистрирано возило, 1 за технички неисправно возило, 1 за возач почетник, 2 за управување возило под дејство на алкохол, 3 за непрописно престигнување, 3 за некористење сигурносен појас, 1 за користење мобилен телефон и 9 за непрописно паркирање.

    Полициски службеници од СВР Тетово на 29.03.2023 од 08.00 до 13.00 часот спроведоа акциска контрола на возилата, односно дали и колку возачите почитуваат првенство на минување. При контролата откриени и санкционирани се 2 возачи (ГВ) кои не почитувале првенство на минување, а со соодветни поднесоци биле заокружени и 18 други видови сообраќајни прекршоци (ТЕ-12 и ГВ-6).

    На 29.03.2023 во 14.30 часот во Полициската станица Карпош, О.Т.(21) од Скопје пријавил дека во населбата Влае бил каснат од куче скитник.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img