More

    Монархот откри детали од својата здравствена состојба

    spot_img

    Британскиот крал Чарлс Трети, во текот на денешното заедничко јавно појавување со синот, принцот Вилијам, во Хемпшир, откри нови детали за својата здравствена состојба. Монархот разговараше со ветеранот на британската армија Арон Мепплбек, кој се борел со рак на тестисите. Чарлс Трети боледува од рак, а видот на карциномот не е соопштен на јавност. За таа дијагноза дозна пред повеќе од три месеци. Кралот Чарлс на 26 јануари имаше операција во болница во Лондон поради бенигно зголемување на простатата.

    Ветеранот од британската армија му рекол на кралот Чарлс дека минатата година бил подложен на хемотерапија поради болеста, како и дека поради тоа го изгубил сетилото за вкус. Монархот додал дека тоа му се случило и нему, пишува „Дејли мејл“.

    Бакингемската палата сè уште не ги потврдила деталите за лекувањето на кралот Чарлс, кој денеска се сретна со семејствата на војниците.

    Кралот денеска имаше заеднички официјален ангажман со својот син, прв откако монархот беше опериран во јануари поради бенигно зголемување на простатата и прв откако Бакингемската палата на 5 февруари објави дека Чарлс Трети има рак. Заедничкиот јавен настап следи по турнејата на принцот Хари низ Нигерија со Меган Маркл минатиот викенд.

    Чарлс Трети денеска пристигна со хеликоптер на специјална церемонија со принцот Вилијам, каде официјално ќе му ја предаде командата над поранешниот полк на принцот Хари, кој неодамна беше во Лондон. Кралот Чарлс на својот син престолонаследник ќе му ја додели престижната позиција на командант на воздухопловните сили.

    Принцот Вилијам ќе го претставува воздухопловното крило на војската, вклучувајќи ја и поранешната единица на неговиот брат Хари, 662 ескадрила.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img