More

    МВР – Извадок на дел од дневните настани 29.05. 2023

    spot_img

    Денеска (29.05.2023) полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка-Одделение за потраги, во рамки на оперативната акција „Жетва“, во Скопје го лишија од слобода И.М.(48) од Струмица, кој бил баран со меѓународна потерница поради бегство од затвор за доиздржување на казна затвор во траење од една година, четири месеци и 15 дена. Тој бил осуден поради сторено кривично дело по член 247, став 4, во врска со став 1, а во врска со член 45 од Кривичниот законик. И.М. ќе биде предаден на надлежната казнено – поправна установа за доиздржување на казната.

    На 28.05.2023 во 14.00 часот на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од Полициската станица Гази Баба го лишиле од слобода С.Р.(26) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена кафеава прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

    Денеска (29.05.2023) во 02.00 часот на Граничниот премин Табановце полициски службеници го лишиле од слобода Џ.С.(42) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „внесување на противправно прибавени добра под привремена заштита, културно наследство и природни реткости “ по чл. 266-б од Кривичниот законик. Имено, при извршена дополнителна контрола од страна на полициски службеници кај Џ.С., кој на граничниот премин пристигнал со патничко возило „волво“ со скопски регистарски ознаки, негова сопственост, а управувано од Е.Е.(39) од Скопје,   биле пронајдени стари монети во различна големина. Пронајдените предмети биле одземени и заедно со приведениот биле предадени на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

    На 28.05.2023 во 14.00 часот на подрачјето на Аеродром, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода М.Б.(37) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

    Во текот на вчерашниот ден (28.05.2023) Министерството за внатрешни работи спроведе  акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 166 возачи. Од нив, 32 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното. Притоа, 96 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 70 надвор од населено место.

    На 28.05.2023 во периодот од 14.00 до 19.00 часот спроведена е засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли, при што санкционирани се 149 возачи. Од нив, 88 возачи не користеле заштитна кацига за време на возење, 40 возеле без возачка дозвола, а санкционирани се и други прекршоци.

    Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (28.05.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 139 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 36 санкции, 13 мерки за возење без возачка дозвола, 22 санкции за возење под дејство на алкохол. Изречени се три мерки за користење мобилен телефон при возење, четири за возач почетник, шест санкции за минување на затворен сигнал – црвено светло…

    На 28.05.2023 вo 14.40 часот било пријавено дека во Скопје, на крстосница од булеварите „Кузман Јосифоски Питу“ и „Крсте Мисирков“, патничко возило „бмв 740“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.Д.(52) од Скопје удрило во Г.К.(48) од Р.Турција, со привремен престој во Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил Г.К., констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

    Полициски службеници на СВР Тетово на 28.05.2023 од 14.00 до 19.00 часот спровеле акциска контрола на мотоциклисти. При контролата бил санкциониран 31 мотоциклист (ТЕ-22 и ГВ-9). Најголемиот број од нив (19) не користеле заштитен шлем, односно кацига (ТЕ-14, ГВ-5), 9 мотоциклисти (ТЕ-6 и ГВ-3) ги управувале мотоциклите без возачка дозвола, 2 (ТЕ-1 и ГВ-1) имале истечена осигурителна полиса и 1(ТЕ) истечена регистрација. На сите им се изготвени поднесоци и ќе се соочат со законски предвидените санкции кои, зависно од видот и карактерот на констатираните прекршоци, се движат од 45 евра за некористење кацига до 500 евра во денарска противвредност за нерегистриран мотоцикл подолго време, согласно Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата и Законот за возила.

    На 28.05.2023 во 17.20 часот било пријавено дека на локален пат во с.Тромеѓа, кумановско, трактор управуван од малолетничка од с.Тромеѓа излетал од патот и паднал во канал. На местото на несреќата починал сопатникот М.С.(63) од с.Младо Нагоричане, а од страна на лекар од Итната медицинска помош констатирана била смрт. Со телесни повреди се здобила малолетничката, констатирани во Општата болница Куманово. Извршен бил увид од Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Куманово.

    На 28.05.2023 во периодот од 14.00 до 19.00 на подрачјето на СВР Штип била спроведена акциска контрола на возачи кои управуваат мотоцикли. За време на контролата биле констатирани 24 прекршоци, од кои 15 за неносење заштитна кацига, 3 без возачка потврда, 2 за измината важност на сообраќајна дозвола, 1 за измината важност на осигурителна полиса и 1 за нерегистриран мотоцикл, кој согласно чл.344 од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата бил одземен и 2 други видови на прекршоци. Истиот ден, била спроведена акциска контрола на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од пропишаната. За време на контролата биле санкционирани 10 прекршоци, од кои 5 во населено и 5 надвор од населено место. На 27/28.05.2023 во периодот од 21.00 до 03.00 часот била спроведена акциска контрола на возачи кои управуваат возила под дејство на алкохол. Притоа биле санкционирани 12 возачи. Санкционирани биле и 20 други видови на прекршоци, од кои, 10 за управување возило без возачка дозвола, 2 за возач почетник, 3 за некористење сигурносен појас, 4 за користење мобилен телефон…

    На 28.05.2023 во 03.20 часот било пријавено дека во Битола, на бул.„1 Мај“, се случила сообраќајна несреќа помеѓу две патнички возила со битолски регистарски ознаки, и тоа  „опел“, управуван од А.Ј.(26)  и „рено“, управувано од З.Р.(47) двајцата од Битола, при што удриле во три паркирани патнички возила – „хјундаи“ и „пежо“ сопственост на Н.П.(52) од Битола и „хјундаи“ сопственост на Ј.К.(43) од Битола, сите со битолски регистарски ознаки. Во несреќата, возачот А.Ј. се здобил со тешки телесни повреди, додека Е.П.(41) од Битола, сопатничка во возилото „опел“, се здобила со телесни повреди, констатирани во Клиничка болница Битола. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Битола.

    На 28.05.2023 во 16.50 часот во Полициската станица Аеродром, К.И.М.(30) од Скопје пријавила дека на бул.„АСНОМ“ била касната од куче скитник.

    На 28.05.2023 во 17.00 часот во Полициската станица Гази Баба, Х.П.(21) од Скопје пријавила дека на бул.„Александар Македонски“ била касната од куче скитник.

    На 28.05.2023 во 22.45 часот во Полициската станица Аеродром, В.Р.(57) од Скопје пријавил дека на бул.„АСНОМ“ бил каснат од куче скитник.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img