More

    МВР – Извадок на дел од дневните настани 26.06.2023

    spot_img

    На 25.06.2023 во 20.40 часот на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Ф.К.(21) од Скопје бидејќи кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

    На 25.06.2023 во 18.00 часот било пријавено дека на регионален пат во близина на Виничка крстосница патничко моторно возило “голф“ со винички регистарски ознаки, управувано од Ј.Е.(67) од Виница, излетало надвор од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Ј.Е., констатирани во Медицинскиот центар Штип. Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Виница.

    На 25.06.2023 во 10.00 часот во Радовиш полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Радовиш го лишиле од слобода Е.Б. (21) од Радовиш. Лицето се сомничи дека на 25.06.2023 на подрачје на Радовиш извршило две кривични дела „одземање на моторно возило“ и по едно кривично дело „тешка кражба“, „насилство“ и „мачење на животни“. Е.Б. бил задржан во полициската станица Радовиш, кај него бил пронајден предмет со кој извршил кривично дело и во разговорот со службените лица ги признал делата, а одземените моторни возила биле пронајдени од страна на полициски службеници и вратени на сопствениците.По целосно документирање на случаите против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава.

    Денеска (26.06.2023) од страна полициски службеници од полициската станица од општа надлежност при СВР Битола лишен од слобода бил Н.М.(36) од Р. Србија. Тој бил фатен на дело додека извршувал тешка кражба во црквата „Св. Недела“ во Битола, од каде одзел пари. Лицето е лишено од слобода и по документирање на настанот ќе следува соодветна пријава.

    На 26.06.2023 во 00.20 часот во Струмица полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица го лишиле од слобода А.К. (38) од село Секирник, струмичко. За лицето имало распишана потерница од Затвор Куманово за издржување затворска казна во траење од 3 години, за сторено кривично дело „разбојништво“.

    Полициски службеници од СВР Тетово вчера (25 јуни) од 18 до 24 часот спровеле акциска контрола на мотоциклисти, во која вкупно биле откриени и санкционирани 14 прекршоци (ТЕ-7 и ГВ-7).Најголемиот број од прекршоците (ТЕ-2 и ГВ-5) се однесувала на некористење на заштитен шлем, 4 мотоциклисти (ТЕ-3 и ГВ-1) управувале без возачки дозволи, 1 (ГВ) со истечена полиса… На сите прекршители изготвени им се поднесоци и ќе се соочат со парични глоби кои, зависно од видот и карактерот на прекршокот се движат од 50 до 250 евра во денарска противвредност. Санкционирани, исто така, биле и 9 други видови сообраќајни прекршоци (ТЕ-6 и ГВ-3).

    На 25.06.2023 на подрачјето на СВР Штип била спроведена акциска контрола на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од пропишаната. За време на контролата биле констатирани 24 прекршоци, од кои 10 надвор од населено место и 14 во населено место. Истиот ден во времето од 18.00 до 24.00 часот била спроведена акциска контрола на возачи кои управуваат мотоцикли. Притоа санкционирани биле 13 прекршоци, од кои 10 за неносење заштитна кацига, 2 за управување без возачка потврда и 1 за измината важност на осигурителна полиса.

    На 25.06.2023 во 03.10 часот било пријавено дека на регионалниот пат Струмица– с.Баница–с.Вељуса, патничко моторно возило “опел корса“ со струмички регистарски ознаки, управувано од А.С.(20) од Струмица, излетало од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот С.И.(20) од Струмица, констатирани во Медицинскиот центар Струмица. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Струмица.

    На 25.06.2023 во 13.05 часот во Полициската станица Гази Баба Е.И.(40) од Скопје пријавила дека на ул.“Маџари“ нејзиниот малолетен син бил каснат од куче скитник.

    На 25.06.2023 во 19.48 часот било пријавено дека во Битола на крстосницата од ул.“Васко Карангелевски“, ул.“Игњат Атанасовски“ и влез кон паркинг простор од новиот пазар се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило “шевролет калос“ со битолски регистарски ознаки, управувано од Д.Ј.(18) од Битола и автобус “исузу“ со битолски регистарски ознаки, управуван од Т.Т.(55) од Битола. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил Д.Ј., а со телесни повреди се здобиле Т.Т. и сопатникот од патничкото возило Б.А.(18) од Битола, констатирани во Клиничката болница Битола. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Битола.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img