More

    МВР – Извадок на дел од дневни настани 11.05.2023

    spot_img

    На 10.05.2023 околу 15.20 часот, полициски службеници на СВР Тетово – Одделение за внатрешни работи Гостивар, со судска наредба, го привеле 43-годишниот М.Д. од гостиварски Добридол за издржување затворска казна. Тој бил спроведен во Казнено-поправната установа Затвор Тетово за издржување на казната.

    Во периодот од 23.35 часот на 10.05. до 01.35 часот на 11.05.2023, полициски службеници од СВР Тетово во координација со Отсекот за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија Тетово и Државен трудов инспекторат спроведоа акциска контрола во два угостителски објекти во тетовско Горно Седларце и тетовско Жеровјане. Во објектот во Горно Седларце, сопственост на А.А.(32) од тетовско Боговиње, биле затекнати Д.Р.(31) од Република Албанија и А.П.(38) од Белорусија, а во објекот во Жеровјане, сопственост на Х.А.(33) од Боговиње, 32-годишната К.В.С. од Русија. Трите странски државјанки се приведени поради сомнение дека го злоупотребиле туристичкиот престој, односно престојувале спротивно на целта, по што се задржани во Полициската станица Тетово за натамошна постапка и ќе им бидат изготвени законски предвидените поднесоци.

    Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (10.05.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 204 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 26 санкција, 10 мерки за возење без возачка дозвола, пет санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл. Изречени се девет мерки за користење мобилен телефон при возење, четири санкции за некористење сигурносен појас, девет мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло)…

    Во текот на вчерашниот ден (10.05.2023) Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 128 возачи. Од нив три возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното. Притоа 77 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 51 надвор од населено место.

    Во текот на вчерашниот ден (10.05.2023) во периодот од 11.00 до 18.00 часот спроведена е акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли, при што санкционирани се 52 возачи. Од нив, 21 возач не користел заштитна кацига за време на возење, 19 возеле без возачка дозвола, три мотоцикли се одземени поради истечена сообраќајна дозвола и предизвикување голема бучава… За време на контролата санкционирани се и 203 други видови на сообраќајни прекршоци.
    На 10.05.2023 на подрачјето на СВР Штип била спроведена акциска контрола на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од пропишаната. За време на контролата биле констатирани 12 прекршоци, од кои 11 во населено место и 1 надвор од населено место. Истиот ден во периодот од 11.00 до 18.00 часот била спроведена акциска контрола на прекршоци кои ги прават возачите на мотоцикли. Притоа биле санкционирани 10 возачи, од кои 4 за неносење заштитна кацига, 3 за управување без возачка дозвола, 2 за нерегистрирани мотоцикли и 1 друг вид на прекршок. Санкционирани биле и 20 други видови на прекршоци, од кои 5 за управување возило без возачка дозвола, 1 за управување возило под дејство на алкохол, 1 за неносење игурносен појас и 13 за непрописно паркирање.

    На 10.05.2023 во 18.05 часот во СВР Охрид било пријавено дека на магистралниот пат Охрид-Кичево, помеѓу с.Арбиново и с.Сливово, патничко возило „ауди“ со струшки регистарски ознаки, управувано од Ф.Д.(20) од с.Франгово, струшко, излетало од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката Ф.Д.(54) од с.Франгово, а со телесни повреди се здобил возачот констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Охрид.

    На 10.05.2023 во Полициската станица Велес, Т.Д.(45) од Велес пријавил дека на ул.„Сараевска“ во Велес неговата малолетна ќерка била касната од куче скитник.

    На 10.05.2023 во 13.40 часот во Полициската станица Штип, Б.С.(48) од Штип пријавил дека на ул.„Христијан Карпош“ во Штип бил каснат од куче скитник.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img