More

    Музичката ѕвезда во моментот е на турнеја наречена „Ерас“, а во текот на концертот во Чикаго пред 60.000 луѓе, додека го претставувала новиот член на бендот, бубачка ѝ влетала во устата

    spot_img

    Музичката ѕвезда во моментот е на турнеја наречена „Ерас“, а во текот на концертот во Чикаго пред 60.000 луѓе, додека го претставувала новиот член на бендот, бубачка ѝ влетала во устата.

    Во текот на говорот, пејачката наеднаш почнала да кашла и ја ставила раката преку устата, а потоа ја известила публиката: „Голтнав бубачка, извинете“. Тогаш Тејлор се насмеала и се пошегувала на своја сметка: „Добро сум, ова е толку глупаво. О, вкусно. О, Боже. Има ли шанси никој од вас да не го видел ова?“

    Видеото стана вирално и собра стотици илјади прегледи на социјалните мрежи.

    „Најсмешно е колку сите се тивки“, напишал еден обожавател, додека друг коментирал на социјалната мрежа Тикток: „Всушност можете да ги видите инсектите како летаат низ воздухот“.

    „Ова е моето омилено нешто што ѝ се случило досега“, напишал друг обожавател, а бројни други фанови коментирале дека пејачката одлично се справила со тешката ситуација.

    За потсетување, нејзината турнеја е полна со вирални моменти. Некои обожаватели отидоа дотаму што носеа пелени на концертот за да не пропуштат ниту еден момент, а неодамна се појавија обожаватели кои тврдат дека доживеале амнезија по концертот на Тејлор.

    ФОТО: Тикток

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img