More

    Москва ја презеде контролата на најголемиот нуклеарен објект во Украина

    spot_img

    Руските војници ја презеле контролата врз нуклеарната централа во Запорожје, јужна Украина, соопшти офиццијална Москва.

    Станува збор за најголемата нуклеарна централа во Европа.

    – Персоналот продолжува да го надгледува и одржува објектот – изјави портпаролот на руското Министерство за одбрана, Игор Конашенков.

    Украинската страна засега не се произнела по однос таквите тврдења. Државната компанија „Енергоатом“ што стопанисува со инсталацијата само соопшти дека сите нуклеарни централи продолжуваат да работат нормално.

    Руските власти не пријавуваат зголемено радиактивно зрачење околу централата во Запорожје.

    Претходно, руските трупи ја презедоа контролата врз строго контролираната забранета зона околу реакторот во Чернобил, северно од Киев. Во настапувањето на руските трупи се раскопани горните слоеви од почвата што резултираше со умерено покачување на радиоактивноста во локалитетот.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img