More

    Монструмот Фрицл од Австрија излегува од затвор? Цели 24 години ја држеше ќерка си во подрум

    spot_img

    Јозеф Фрицл, австрискиот сексуален престапник кој цели 24 години држеше заклучена во подрум својата ќерка и со неа станал татко на седум деца, би можел да биде преместен од затворот со висока безбедност, пишува Би-Би-Си повикувајќи се на австриски медиуми.

    Австрискиот јавен радиодифузер ОРФ објави дека новиот психијатриски извештај за Фрицл, кој има деменција, вели дека тој повеќе не претставува опасност за јавноста. Тоа значи дека судот сега може да одлучува дали да го премести во нормален затвор.

    Фрицл, кој сега има 88 години, беше осуден на доживотен затвор во 2009 година во случај што го шокираше светот. Тој моментално е задржан во високобезбедна институција за ментално пореметени престапници во затворот Штајн, во градот Кремс ан дер Донау.

    Во Австрија, осудените на доживотен затвор можат да поднесат барање за условно ослободување по отслужување на 15 години, што значи дека според овој закон, Фрицл оваа година има право на условно ослободување.

    Правните експерти велат дека постои можност за условно ослободување, што значи дека Фрицл би можел да биде преместен во дом за нега.

    – Сосема е очигледно дека ќе биде објавено негово пуштање од болницата – изјави за ОРФ Алоис Бирклбауер, професор по кривично право на Универзитетот Јоханес Кеплер во Линц.

    Во 2022 година, регионалниот суд пресуди дека Фрицл „повеќе не претставува опасност“ и дека може да биде преместен во стандарден затвор – но Вишиот регионален суд во Виена подоцна ја блокираше одлуката.

    Случајот Фрицл, кој се појави во градот Амштетен во 2008 година, е опишан како еден од најлошите во криминалната историја на Австрија. Тој беше осуден за убиство на едно од неговите деца поради занемарување, како и за силување, инцест и поробување на неговата ќерка.

    Ќерката на Фрицл и нејзините деца оттогаш добија нови идентитети.

    Во меѓувреме, и Фрицл го смени своето презиме. Тој сега се презива Мајрхоф.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img