More

    ММФ оценува дека е разбирливо што работниците во јавниот сектор бараат повисоки плати

    spot_img

    Со оглед на тоа што растот на потрошувачките цени во последните години ја намали куповната моќ на домаќинствата, ММФ оценува дека е разбирливо што работниците во јавниот сектор бараат повисоки плати, смета шефот на мисијата на ММФ Жак Манијане која престојуваше во земјава од 5 до 9 јуми.

    – Веќе има простор во буџетот на централната влада да се приспособи за зголемување на масата за плати од близу 10 %, слично на проектираната стапка на инфлација за 2023 година, вклучително и усогласувањето на минималната плата оваа година. Сè што е над ова би создало големо и трајно оптоварување на буџетот, а исто така би ризикувало да ги истисне другите суштински трошоци. Големите зголемувања на платите, исто така, носи ризик да ја претворат привремено високата инфлација во постојано висока инфлација – вели Манијане.

    Тој наведува дека јавните финансии се на пат да ја исполнат целта за дефицитот утврдена во Буџетот за 2023 година одобрен од Парламентот.

    – Сепак, доцнењето во усвојувањето на реформата на даночната политика и солидарниот данок можат да ги компромитираат даночните приходи и да ги загрозат приоритетните трошоци. Во овој контекст, даночната реформа треба да се усвои без одлагање со оглед на долгиот период за јавни консултации, а истото се однесува и на солидарниот данок. Дополнително, напорите за подобрување на наплатата на даноците треба да се одржат и забрзаат- вели Манијане.

    Во прелиминарните наоди на мисијата на ММФ се наведува и дека фискалната консолидација треба да продолжи да ја поткрепува фискалната одржливост и да обезбеди адекватни фискални резрви за следната криза.

    – Иако реформата на блок-тарифите за електрична енергија во 2022 година беше значаен чекор во вистинската насока, цените на електричната енергија за повеќето домаќинства остануваат силно субвенционирани и се меѓу најниските во Европа. Како резултат на тоа, јавните финансии остануваат ранливи на порастот на цената на енергијата. Иако зголемувањето на тарифите за енергија никогаш не е лесно, ќе биде важно да се продолжи со реформите на тарифите за електрична енергија кои постепено ќе ги укинуваат субвенциите и ќе ја зајакнуваат енергетската ефикасност. Сегашниот контекст на пониски меѓународни цени на енергијата дава можност за продолжување на ваквите реформи. Поддршката за сметките за електрична енергија треба да биде насочена кон посиромашните домаќинства, наместо да им користи на повеќето домаќинства на нецелен начин, како што е моментално – оценува ММФ.

    Според ММФ, во тек е економско закрепнување на македонската економија со реален раст на БДП проектиран на 2,1% оваа година, а 3,4 % во 2024 година. Потрошувачките цени се очекува годинава да пораснат во просек за 9,2%, 3,5% во 2024, а до 2026 година да се вратат на 2 %.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img