More

    Младенче лав во Будва чека да биде преместено во Африка

    spot_img

    Младенчето лав, кое беше пронајдено во Будва во февруари, се наоѓа во засолниште за напуштени животни во Подгорица и чека да завршат процедурите за да биде преместено во природно живеалиште во Африка.

    Од Агенцијата за заштита на природата и животната средина посочуваат дека прават се за што побрзо завршување на процедурите, а животните кои се нелегално увезени да се вратат во нивното природно живеалиште.

    Агенцијата претходно соопшти и дека се работи за машко лице старо околу пет месеци, кое моментално тежи околу 30 килограми и е во добра здравствена состојба. Младенчето примило и вакцина против болести на дивите животни.

    Агенцијата претходно соопшти дека до Специјалното државно обвинителство е поднесена кривична пријава против Н.Н. лица, поради основи на сомнение дека се сторени кривични дела за кои се гони по службена должност, во врска со случајот шверц на лавови.

    Тие посочија дека постојат основи на сомнение дека делото го извршиле повеќе сторители, а вредноста на ова егзотично и заштитено животно неофицијално се проценува на околу 200.000 евра.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img