More

    Млад инспектор „стрижел“ бербери со по 100 евра поткуп

    spot_img

    Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица соопшти дека донело наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило две кривични дела – Примање поткуп од член 357 став 1 од Кривичниот законик.

    Како службено лице – помлад пазарен инспектор, осомничениот струмичанец во два наврати директно побарал и примил парични средства од лица од Радовиш за да не изврши службени дејствија што морал да ги изврши.

    Во првиот случај, при инспекциски надзор на 13 јуни, констатирал дека правен субјект нема регистрирано занаетчиска дејност, но за да не го констатира прекршокот од сопственикот побарал и примил 100 евра.

    На 17 ноември, во деловен простор затекнал две лица кои вршеле берберска дејност без да бидат запишани во занаетчискиот регистар и од нив исто така побарал 100 евра за да не го констатира прекршокот на записник. Бидејќи тие во моментот немале толку пари кај себе, тој уште 2 пати се вратил во дуќанот и од нив примил по 3.000 денари.

    По предлог на јавниот обвинител, судијата на претходна постапка од Основниот суд во Струмица определи мерка притвор во траење од 30 дена за осомничениот.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img