Љупчо Палевски Палчо, првообвинет за убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска и на велешанецот Панче Жежовски, е донесен во Македонија, јави ТВ 24.
Палевсски слета на скопскиот аеродром по што директно треба да биде спроведен во Истражниот затвор Скопје.
Тој беше уапсен на 6 декември минатата година, откако првично избега во Србија па преку Бугарија стигна во Турција. Турската полиција го уапси во Баликесир.