More

    Мицкоски вели дека тоа е најмалку што може да го направи претседателката на Европската комисија

    spot_img

    Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски изјави дека од претстојната посета на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, очекува таа да излезе со позиција нашата држава да добие безусловен почеток на преговорите со ЕУ и дека без дополнителни условувања ќе ги отпочнеме преговорите, иако како што потенцираше, свесен е за недостатоците што ги имаме на домашен план.

    – Очекувам претседателката на ЕК Урсула Фон дер Лајен да излезе со позиција дека Македонија ќе добие безусловен почеток на преговорите со ЕУ, иако сум свесен за многу недостатоци коишто ги имаме на домашен план, поради неработењето на корумпираната Влада на СДСМ и ДУИ. Ценам дека на тој начин ќе се оддаде признание и на државата и на граѓаните за сето она коешто го направија изминативе 23 години, од првиот ден кога беше потпишан Договорот за стабилизација и асоцијација, и ќе се оддаде признание и почит кон сите понижувања и омаловажувања, кои што мораше граѓаните да ги издегистираат, од промената на националното знаме па сѐ до насилната промена на Уставот и уставното име – рече денеска Мицкоски одговорајќи на новинарско прашање по средба со стопанствениците од Општина Петровец.

    Мицкоски е на ставот дека очекува вакво признание од Урсула фон дер Лајен, посочувајќи дека „иако малку го почитува овој народ и држава, тоа е најмалку што може да направи“.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img