More

    Мицкоски вели дека граѓаните очекуваат од партијата да обезбеди иднина за сите

    spot_img

    „На новата генерација политичари во Македонија, новата генерација на политичари во ВМРО-ДПМНЕ е честа, обврска и привилегија да го брани најмалиот народ на Балканот, а тоа е македонскиот народ. И тоа можеби е голем предизвик, но јас сум убеден дека ние сите можеме да одговориме на тој предизвик, онака како што само знаееме и умееме – цврсто, храбро и мотивирано“.

    Вака говореше Христијан Мицкоски, лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, на денешниот научен симпозиумпо по повод 129 години ВМРО, „Борба за Македонија која трае“, во организација на партијата.

    Мицкоски нагласи дека граѓаните очекуваат од ВМРО-ДПМНЕ како наследник на организацијата да ги преземе сите чекори за обезбедување на иднина на граѓаните, и покрај тоа што на централно ниво е опозиција, потенцирајќи дека за тоа е потребен општествен договор за кој што зборувал минатата година на Конгресот.
    – Македонскиот народ, но и граѓаните во Македонија, сите останати, не само Македонци туку и Албанци, Турци, Роми, Власи, Срби, Бошњаци и останати кои денес живеат во Македонија сакаат да знаат што понатаму во иднината и каков план има ВМРО-ДПМНЕ, како наследник на организацијата, за иднината и што се чекорите кои ВМРО-ДПМНЕ ќе ги преземе за таа иднина, бидејќи денеска секој во Македонија очекува од ВМРО-ДПМНЕ државничко и одговорно однесување, без разлика што на централно ниво е ВМРО-ДПМНЕ е опозиција – додаде лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img