More

    Мистериозно суштество испливало на брегот во Малезија

    spot_img

    Мистериозно морско суштество е пронајдено на плажа во Малезија, а како што може да се види од фотографиите кои се појавија на социјалните мрежи, телото испливало на брегот во фаза на распаѓање.

    Локалните власти забележале набрекнат труп во петокот додека вршеле контрола на брегот долж плажата Телук Мелано во Лунду. Тие ја известиле локалната агенција за катастрофи која ги објавила фотографиите од мистериозното суштество на социјалните мрежи.

    Необичната сцена привлекла многу посетители на плажата.

    Експерите веруваат дека таинствената маса најверојатно e остаток од кит, додека, пак, други наведуваат дека морското чудовиште е слично на други чудни суштества кои водата ги има исфрлено на плажите низ светот.

    Тоа го вклучува мистерозното морско чудовиште „глобстер сирена“ кое е пронајдено на еден остров во Папуа Нова Гвинеја лани во октомври.

    Откривањето на глобстерот, неидентификувани остатоци од морско суштество, не е ништо ново. Поморците низ историјата тврделе дека доживеале ужасни средби со големи и мали необичности, од кракен, легендарно морско чудовиште со особини налик на октопод, до сирена.

    Во модерните времиња, луѓето имаат пријавено дека со свои очи виделе чудни морски суштества, вклучително и ајкула на која ѝ недостига црн дроб, па дури и влакнести чудовишта.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img