More

    Милошоски тврди дека ВМРО-ДПМНЕ има огромна предност

    spot_img

    Поддршка од ДУИ за Стево Пендаровски во вториот круг ќе биде добро за Гордана Силјановска, анализира шефот на парламентарната комисија за надворешна политика Антонио Милошоски во „Анализа“ на 24ТВ.

    – Имајќи го предвид имиџот на ДУИ како корумпирана партија која над 20 години е на власт и којашто е инволвирана во многу скандали, може да се очекува дека поддршката за Пендаровски од Мала Речица ќе мобилизира многу граѓани да излезат да гласаат против ДУИ и нивниот протеже – смета Милошоски.

    Ако ДУИ директно ги повика своите симпатизери во вториот круг да гласаат за Пендаровски, додава пратеникот, тоа практично ќе значи направена услуга за професорката Силјановска.

    – Се согласувам дека никој не ги носи своите гласови во својот џеб и дека не може секој кандидат да ги префрли гласовите од едно на друго конто. Ќе биде тоа слободна волја на гласачите, но очекувам дека опозициската волја ќе доминира и во вториот изборен круг. Тоа е нашето мислење. Во тој контекст сметам дека Силјановска има голема предност. Работата на претседателот Пендаровски може да се оценува и таа оценка не е задоволителна – рече Милошоски.

    претходниот член,
    Девојчињата почесто се предмет на врсничко насилство од момчињата, а околу 20 проценти од сите ученици трпеле онлајн врсничко насилство во изминатата година, покажува анкетата спроведена во средините училишта во Македонија што ја изработи Институтот за човекови права. Мартин Сопронов од Институтот за човекови права (ИЧП), на настанот „Борба против онлајн врсничко насилство врз девојчињата“ што се одржа во Европска куќа појасни дека девојчињата најчесто вршат онлајн насилство врз другите девојчиња поради љубомора, а момчињата најчесто вршат онлајн насилство врз девојчињата поради забава или поради покажување моќ. Речиси половина од учениците сметаат дека девојчињата се многу посклони да се сметаат за предмет на онлајн врсничко насилство. Според анкетата, озборувањето е доминантен облик на онлајн врсничко насилство, со 35,8% од вкупниот број потврдени или можни случаи. Озборувањето повеќе ги погодува девојчињата. Од друга страна, пак, момчињата почесто добиваат несакани пораки на социјалните мрежи и почесто се предмет на игнорирање и на социјално исклучување во споредба со девојчињата. – Според согледувањето на децата, иако професорите и административните работници во училиштата ги препознаваат оние кои вршат врсничко насилство, поради премногу работни обврски, честопати се откажуваат од преземање какви било чекори и ги оставаат процесите да се одвиваат стихијно. Доколку се смири ситуацијата, во ред, а ако ескалира, тогаш преземаат чекори – вели Сопронов. Тој дополнува дека и да се охрабрат да пријават, тој процес не е анонимен и заштитен, па лесно протекуваат информациите. Истите жртви дополнително стануваат предмет на онлајн врсничко насилство или на врсничко насилство. Можеби ќе ве интересира МАЖ ОД ДЕЛЧЕВО ОБЈАВУВАЛ ЕКСПЛИЦИТНИ ФОТОГРАФИИ ОД… Плусинфо 13/02/2024 ПОВЕЌЕТО РОДИТЕЛИ ЌЕ ОБЈАВАТ 1.500 ФОТОГРАФИИ ОД СВОИТЕ… Плусинфо 12/02/2024 Најчест мотив кај момчињата поради кои вршат онлајн врсничко насилство е за да покажат моќ, но и поради шега, а најчест мотив заради кој девојчињата вршат онлајн врсничко насилство е одмаздата, но, исто така, силно застапени се и омразата и завидливоста. Учениците го минуваат слободното време на социјалните мрежи повеќе од 4 часа, а девојчињата во просек минуваат околу 1 час дневно повеќе од момчињата. Децата најмногу ја користат социјалната мрежа Инстаграм, па Тик Ток, а трета е Јутјуб. По нив следат Снапчет, Фејсбук, Икс (претходно позната како Твитер) и Телеграм. Нема полова разлика во однос на сексуалното вознемирување како облик на онлајн врсничко насилство. Околу насилството базирано на етничка основа, една третина од учениците Роми рекле дека се предмет на онлајн врсничко насилство, што е многу повеќе од насилството кое го трпи која било друга етничка заедница. Анкетата е спроведена во рамки на проектот „Борба против сајбер булинг врз девојчиња“, финансиран од Канадската амбасада во Белград, Србија. Анкетата е спроведена во 18 училишта од осумте плански региони низ државава со пополнување прашалник од страна на 1.017 ученици од трета и четврта година
    Следната статија
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img