More

    Милнер нема да игра поради потрес на мозокот

    spot_img

    Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп, потврди денеска дека Џејмс Милнер нема да биде во составот за неделното дерби во Премиер лигата против Тотенхем поради протоколот за потрес на мозокот.

    Милнер овој викенд требаше да го одигра 600. натпревар во Премиер лигата, но ќе го пропушти јубилејот, откако кон средината на оваа недела доби удар во главата и беше подложен на задолжителниот протокол за потрес на мозокот.

    – Тој е добро, но мора да мине низ различни фази на протоколот. Ќе биде на располагање за тренинг без контакт в понеделник, а потоа за полн тренинг во вторник – најави Клоп на прес – конференција пред натпреварот против Тотенхем во рамки на 15. премиерлигашко коло.

    Ливерпул во моментов е на деветтото место на табелата со 16 бодови, додека Тотенхем е третопласиран со десет бодови повеќе .

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img