More

    Мета лансира копија на Твитер за да му конкурира

    spot_img

    Марк Закерберг, шеф на Мета, компанијата која ги поседува Фејсбук и Инстаграм, најави дека ќе лансира нова апликација слична на Твитер. Апликацијата наречена Тредс (Threads) ќе биде достапна за купување преку Ап стор и ќе биде поврзана со Инстаграм.

    Мета ја опишува новата мрежа како апликација за текст во разговор.

    Ова може да се толкува како ново ниво на ривалство меѓу двајцата најголеми технолошки магнати Марк Закерберг и Илон Маск, сопственикот на Твитер.

    Минатиот месец тие се договорија да направат физичка пресметка, но не е јасно колку се сериозни во врска со тој договор.

    „Фала богу, тие се толку разумни“ – коментираше Маск на веста за лансирањето на новата социјална мрежа од ривалската компанија.

    Во меѓувреме, Твитер соопшти дека ќе наплатува надомест за користење на неговата популарна корисничка контролна табла, Твитдек (Twitdeck).

    Тоа е последниот потег на Маск да се обиде да ги натера корисниците на Твитер да се претплатат за да ја користат социјалната мрежа Твитер блу (Twitter Blue).

    Минатиот викенд Твитер го ограничи бројот на твитови што корисниците можат да ги видат.

    Изгледа дека апликацијата Мета тредс ќе биде бесплатна и нема да има ограничување за тоа колку објави може да види корисникот. Сликата од екранот на апликацијата изгледа речиси идентично со Твитер.

    Како апликација Мета тредс ќе пренесува податоци на телефоните на корисниците, вклучувајќи локација, купување и историја на прелистување.

    Во последниве години се појавија неколку апликации кои многу личат на Твитер – како што се Truth (Вистина), од поранешниот американски претседател Доналд Трамп и Mastodon.

    Сопствениците на друга слична апликација Блускај (Blue Sky), тврдат дека имале рекордна посета за време на викендот кога Маск ја ограничил употребата на Твитер.

    Сепак, Tредс може да биде најголемата закана за Твитер досега.

    Марк Закерберг има искуство со позајмување идеи од други компании – и тоа успешно го прави.

    Мета рилс (Meta Reels) е очигледна копија на Ток-ток, додека Сторис изгледаат слично на Снепчет (Snapchat).

    Тредс ќе биде дел од платформата Инстаграм, па ќе биде поврзан со стотици милиони сметки.

    Не започнува од нула, како што мораа да прават другите ривали.

    Иако Маск беше пофален во некои кругови за неговата посветеност на слободата на говорот, некои корисници веќе ја напуштија мрежата. Закерберг се надева дека ќе може да ги придобие разочараните корисници на Твитер и да им понуди алтернатива.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img