More

    Медузите се честа појава во морињата на Медитеранот, а тие доаѓаат и во поплитките води кога времето е екстремно топло

    spot_img

    Медузите се честа појава во морињата на Медитеранот, а тие доаѓаат и во поплитките води кога времето е екстремно топло. Порталот ГрикРепортер пишува дека медузите во Грција се најмалку опасни од оние на други места во светот, на пример смртоносните медузи во Австралија. Сепак, ова не значи дека треба да ги допирате!

    Еден од неколкуте типови медуза за кои порталот тврди дека се најбезопасни е кафеавата медуза Cotylorhiza tuberculata која Грците ја викаат салуфа. Таа е многу честа појава низ грчките мориња. Според порталот, „нејзиниот убод може да биде досаден и непријатен некое време, но толку е“.

    Туристи дури и често се сликаат како ја држат оваа медуза. Но, не е препорачано!

    Некои луѓе се алергични и можат да почувствуваат повеќе од локален убод и чешање од каснување од медуза. Тогаш мора да се побара лекарска помош.

    Но, во најголемиот број случаи постојат четири нешта кои можете да ги направите за да го ублажите дејството:

    1. Исплакнете ја погодената област со морска вода. Избегнувајте свежа вода, оцет, алкохол или урина, како што некои постари луѓе погрешно сугерираат.

    2. Ако некои пипала сѐ уште се прикачени на кожата, отстранете ги со ракавица, стап или со крпа.

    3. Не го тријте погодениот дел од телото бидејќи тоа може да резултира со дополнително ослободување на отровот.

    4. Ако убодот е силен, ставете суво ладно пакување (мраз во пластична кеса завиткана во крпа или маица) на погодениот дел од телото.

    Најчестата медуза во грчките мориња е Pelagia noctiluca, која живее на отворено море и докажано е дека нејзиниот пораст на населението нема никаква врска со загадувањето.

    Годишно 150 милиони луѓе бидуваат каснати од медуза. Медузите немаат мозок, коски или срце, туку само нерви, а нивното „желе“ е многу старо. Тие се меѓу најстарите животни. Биле тука пред диносаорусите, односно пред животните или дрвјата. Преживеале пет масовни истребувања. Некои од нив се буквално бесмртни, тајна која уште ги изненадува научниците!

    Медузите исто така немаат свој природен противник во морето.

    Во еден експеримент медузи се размножувале дури и во вселената, иако по враќањето на примероците тие не можеле да функционираат како треба во водата бидејќи им било нарушено чувството за гравитација.

    Во март оваа година, 17-годишна австралиска тинејџерка беше смртно искасана од австралиска медуза, вид што се смета за најотровен во светот. Смртоносните сорти на медузи се наоѓаат главно во тропските води во северна Австралија, а постои дури 51 ваква сорта.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img