More

    Македонските граѓани плаќааат поскап киловат час од граѓаните на Албанија, Црна Гора, Србија, Босна и Херцеговина и на Косово, покажуваат најновите податоци на Европската статистичка служба за првата половина од 2023 година

    spot_img

    Македонските граѓани плаќааат поскап киловат час од граѓаните на Албанија, Црна Гора, Србија, Босна и Херцеговина и на Косово, покажуваат најновите податоци на Европската статистичка служба (Евростат) за првата половина од 2023 година.

    Според Евростат, во првата половина на 2023 година, во Албанија 10,1 евро биле 100 киловат-часови, додека во Македонија цената е 10,5 евра за 100 киловат-часови. И покрај субвенциите кои се напишани на секоја испорачана сметка за електрична енергија, домаќинствата во Македонија плаќаат најскапа струја во регионот.

    Според Евростат, косовските семејства имаат најевтин енергенс во Европа, по цена од 0,067 евра за киловат-час. Следуваат Турција (0,084), Босна и Херцеговина (0,087), Србија (0,096) и Црна Гора (0,096).

    Во Македонија во тек е повикот за избор на Универзален снабдувач за електрична енергија за наредните пет години. Сегашната маржа изнесува 11, 5%. Една од компаниите која најави учество во јавниот повик, ЕДС, уште во почетокот најави далеку пониска маржа од сегашната. Пониската маржа ќе овозможи поински сметки за струја за домаќинствата и за малите потрошувачи.

    Јавниот повик за Универзален снабдувач завршува на 12 јануари. Мандатот на новиот Универзален снабдувач ќе почне во јуни 2024 година.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img