More

    Македонија не успева да профитира од веќе готов рудник

    spot_img

    Поради зголемената побарувачка за бакар низ Европа и низ светот, цената на оваа метална суровина руши рекорди. Бакарот почна да се продава за 10.000 долари за тон, достигнувајќи ново двегодишно највисоко ниво. Прогнозите покажуваат дека цената ќе продолжи да расте.

    Според извештајот на BMI, објавен на почетокот на годинава, цените на бакарот се очекува да пораснат за повеќе од 75% во следните две години поради дисбалансот во понудата на рударството и поголемата побарувачка за металот, поттикната од притисокот за остварувањето на целите од зелената агенда. Уште повисока цена ќе се регистрира веќе во втората половина на 2024 година поради зголемената побарувачка поттикната од транзицијата кон зелена енергија и веројатниот пад на американскиот долар.

    Европската Комисија веќе го вклучи бакарот на листата на критични суровини и одлучи да го стимулира неговото производство на континентот. Бакарот е дел од т.н. Закон за критични минерални суровини, кој треба да стапи во сила наредниве месеци. ЕУ постави цели до 2030 година за домашно производство на минерали потребни за нејзината зелена транзиција – 10% од домашно производство, 25% од рециклирање и 40% преку преработка на минералот во Европа.

    Од Европскиот институт за иновации и технологии (ЕИТ), кој е формиран од страна на Европската Унија, повикаат да не се губи време. Според првиот човек на институтот, Бернд Шефер, европските фирми од автомобилската индустрија, но и финансиските институции, треба да ги засилат инвестициите во критичните минерали на континентот и да развијат домашни извори за клучните суровини за енергетската транзиција. Европската Унија започна амбициозен патоказ за да го забрза производството на минерали потребни за производство на електрични возила и ветерници.

    -Владите на Франција, Германија и Италија веќе основаа национални инвестициски фондови кои вклучуваат поддршка за критичните минерални проекти, но треба да се направи повеќе – изјави Шефер за Ројтерс.

    Покрај ЕУ, на неодамнешниот Самит за климатски промени – COP28, повеќе од 60 земји го поддржаа планот за тројно зголемување на глобалниот капацитет за обновлива енергија до 2030 година, а според инвестициската банка Citibank ваквиот потег „би паднал на плеќите на бакарот“. Во еден од последните извештаи на банката, се прогнозира дека високите цели за обновлива енергија ќе ја зголемат побарувачката на бакар за дополнителни 4,2 милиони тони до 2030 година, што значи дека цените на бакарот би можеле да пораснат до 15.000 долари за тон во 2025 година.

    Фактот дека несомнено бакарот ќе продолжи да поскапува покажуваат и анализите на една од водечките фирми во рударската индустрија, Трафигура, чие седиште за Европа е лоцирано во Швајцарија.

    -Околу една третина од новата побарувачка ќе биде продуцирана од секторот за електрични возила, а притоа ќе бидат вклучени и производството, преносот и дистрибуцијата на електрична енергија. Остатокот ќе оди на работи како автоматизација, индустриски капитални трошоци и системи за ладење на центрите за податоци – вели аналитичарот во швајцарската компанија Греам Трејн.

    Инаку, компанијата Трафигура веќе и е позната на македонската јавност, а од минатата недела стана и мнозински сопственик на домашната компанија „Еуромакс ресоруцес“. Од Еуромакс соопштија дека Galena Resource Equities Limited („Galena“), која е подружница на Trafigura Group купила нови акции од компанијата Еуромакс Ресоурцес, концесионерот на рудникот за бакар „Иловица – Штука“. Трафигура сега има значително зголемен удел во Еуромакс и веќе поседува мнозински пакет од 50,20%.

    Сепак, инвестицијата во рудникот за бакар уште се соочува со правно-политички предизвици, па така, од зголемената побарувачка за бакар на светско ниво, засега не профитира ниту компанијата ниту државата и граѓаните. Од „Еуромакс Ресоурцес“ неодамна потврдија дека остануваат, како што велат, непоколебливо посветени за одговорен развој, просперитет на заедницата и успехот на проектот „Иловица – Штука“ со највисоко ниво на почитување на најсовремените стандарди за заштита на животната средина преку примена на најсовремени технологии во рударската индустрија.

    Меѓутоа, како што додаваат, ако тековниот третман на проектот од страна на властите продолжи и ако владеењето на правото продолжи да се занемарува, тогаш меѓународната арбитража ќе стане неизбежна реалност. Тие им оставија на властите рок до крајот на годинава да се произнесат за нивното барање за спојување на двете концесии во Иловица, што би овозможило реализација на инвестицијата, тешка најмалку 340 милиони евра за првите две години од изградбата на рудникот.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img