More

    Мајката на Мартин во исчекување на потрагата со подводниот дрон

    spot_img

    Потрагата по исчезнатиот 28-годишен Мартин продолжи денеска во морското подрачје на Халкидики со пребарување со подводен дрон, објави грчкиот портал protothema.gr.

    Мајката на момчето синоќа пристигнала од Америка на аеродромот во Солун и од денеска соработува со спасувачките екипи.

    – Тргнав од Америка да дојдам во Грција за да го пронајдам своето дете. Многу сум вознемирена и во исчекување. Им благодарам на сите што ни помагаат. И на властите и на волонтерите. Тимот на ОФКАТ е покрај нас од првиот момент и им благодарам за тоа што го прават. Имаме верба – изјави мајката за protothema.gr.

    Претседателот на ОФКАТ Христос Рамос вели дека денеска им помага и времето.

    – Денеска ни помага времето. Ќе го користиме подводниот дрон. Денеска ќе се потрудиме, затоа што утре времето повторно ќе биде лошо. Со нас го имаме семејството и конзулот на Скопје и се надеваме на најдобро. Неговата мајка дојде од Америка со други роднини, од вчера е со нас, вчера отидовме и се видовме со Иван, тој е во добра здравствена состојба и ќе излезе денес. Нашите напори сега се насочени кон Мартин. Иван ни даде многу информации, ни ја даде точно ознаката, па ќе одиме конкретно во еден дел. Ако Бог сака да помогне, сѐ ќе биде добро. Мора да завршиме денеска – изјави тој за protothema.gr.

    Модерното подводно беспилотно летало може да достигне до 100 метри длабочина.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img