More

    Мајка на момчето кое отпатувало само за Словачка: Од очај го качив во воз!

    spot_img

    Мајката на 11-годишното момче од Украина, кое само со пластична кеса, пасош и телефонски број испишан на раката патуваше повеќе од 1.000 километри до Словачка, зборуваше за олеснување поради безбедното бегство на нејзиниот син од руските бомби.Јулија Писетскаја изјави за Гардијан дека во очај го качила својот син во воз за Словачка од Запорожје, во близина на нуклеарна централа која минатата недела беше нападната од руските сили.

    Не можела да ја напушти Југоисточна Украина со него бидејќи не се чувствувала добро и требало да се грижи за својата мајка со попреченост.

    Словачките граничари се грижеле за момчето по пристигнувањето, според локалната полиција, која го опишала како „херој“. На раката го напишал телефонскиот број на роднина во Братислава. Властите успеале да им влезат во трага и оттогаш го зеле под нивна заштита.

    -„Многу сум благодарна што го спасија животот на моето дете“, рече Писецкаја во видео пораката објавена на Фејсбук во неделата. „Има луѓе со големо срце во вашата мала земја“, рече таа.

    -„Јас сум вдовица и имам повеќе деца. Сакам да им се заблагодарам на словачката царина и на волонтерите кои се грижеа за мојот син и му помогнаа да ја помине границата. Благодарен сум што го спасивте животот на моето дете. До мојот град е нуклеарна централа во која пукаат Русите. Не можев да ја оставам мајка ми – таа не може сама да се движи“, рече таа.

    Словачкото МВР на Фејсбук објави дека момчето „со насмевката, бестрашноста и одлучноста ги освои срцата на сите, достојни за вистински херој“. Тие рекоа дека властите „го загреале и му дале храна и пијалок, кои ги спакувале за неговото следно патување“.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img