Во српското село Раковац, во општина Беочин вечерва околу 20 часот е уапсен Б.Р. (48) кој е осомничен дека со нож ја убил поранешната сопруга Д.Р. и нејзината мајка Н.Ч.
Тој бил затекнат веднаш до безживотните тела на жените.
Според српски медиуми, мажот и порано бил пријавуван во полиција за насилство, а еднаш завршил и во притвор.
Полицијата и обвинителот се на терен, јавуваат српските медиуми.