More

    Лукашенко одлучи: Секој кој е осуден за тероризам ќе биде погубен со истрел во задниот дел од главата

    spot_img

    Белорускиот претседател Александар Лукашенко во четвртокот потпиша закон со кој се овозможува смртна казна за функционери и припадници на вооружените сили осудени за велепредавство, соопшти неговиот кабинет.Белорусија, близок сојузник на Русија, е единствената земја во Европа која сè уште ја применува смртната казна.

    Досега постоеше за злосторства како убиство или терористички акти.Егзекуциите се вршат со еден истрел во задниот дел од главата.

    Споменатата промена е дел од измените на кривичниот законик чија прокламирана цел е зајакнување на борбата на Белорусија против „злосторствата на екстремистичка (терористичка) или антидржавна ориентација.

    Според друга измена одобрена од Лукашенко во четвртокот, лице осудено за „дискредитација“ на белоруските вооружени сили ќе добие затворска казна.

    Русија донесе сличен закон по инвазијата на соседна Украина пред нешто повеќе од една година.

    Белорусија не испрати свои војници во Украина, но и дозволи на Русија да ја користи нејзината територија за да започне инвазија на Украина во февруари 2022 година.

    Исто така, им дозволува на руските авиони и беспилотни летала да го користат воздушниот простор за напад на Украина.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img