More

    Лиза Мари Присли имала проблеми со зависноста од наркотици

    spot_img

    Лиза Мари Присли почина поради застој на срцето.

    Единствената ќерка на Елвис Присли долго време се борела со зависноста.

    Како и нејзиниот татко, Лиза Мари се борела од зависност од лекови против болки. Извор навел за „Марка“ дека „Лиза Мари рекла дека ќе умре ако не добие помош“ во 2016 година, откако се разделила од нејзиниот четврти сопруг Мајкл Локвуд, кога, всушност, и се пријавила во установа за одвикнување.

    „Таа има приватен тим за детоксикација за 400.000 долари месечно, а сите лекари доаѓаат во нејзината соба“, рекол друг извор, пренесува „Марка“.

    Присила Присли била преокупирана со борбата на својата ќерка со зависноста и „ја посетила повеќепати“, а изворите тврдат дека нејзината зависност од лекови против болки започнала пред да се раздели од Мајкл Џексон. Таа тврдела дека има „неиздрќливи болки во грбот“.

    Други тврдат дека „страшниот скандал“ со нејзиниот сопруг Мајкл Локвуд, кој ги злоупотребил нејзините финансии, „силно ѝ го отежнал животот “, а упатените тврдат дека Лиза Мари доживеала „целосен емотивен слом и само излегла од контрола“. Лиза Мари Присли почнала да користи дрога на 13 години, до 17 години редовно ги консумирала, а и подоцна во животот им се враќала на опијатите.

    „Земав сè освен печурки, хероин и крек“, рекла еднаш Лиза Мари, која исто така се пријавила и во програмата за одвикнување во Скиентолошката црква откако се забавувала 72 часа без прекин.

    „Кокаин, седативи, трева и алкохол – сето тоа во исто време. Не знам како го преживеав тоа. Еден ден се разбудив со еден куп луѓе на подот. Возев до Скиентолошката црква и реков: ‘Некој веднаш да ми помогне’“, рекла Лиза Мари.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img