More

    Легендата на босанската народна музика Халид Бешлиќ доживеал сообраќајна несреќа во Србија

    spot_img

    Легендата на босанската народна музика Халид Бешлиќ доживеал сообраќајна несреќа во Србија. За „Н1“ Бешлиќ рекол дека сѐ е во ред.

    По несреќата во која Бешлиќ не се здобил со повреди, рекол:

    „Сѐ е во ред, нема никакви проблеми“, изјави Бешлиќ.

    „Беше верижен судир. Нас нѐ удри една жена, а ние автомобилот пред нас“, додал пејачот.

    Пејачот Халид Бешлиќ за влакно ја избегна смртта во сообраќајна несреќа пред речиси десет години.

    Сообраќајната несреќа која предизвика хандикеп кај пејачот, на некој начин му го промени животот на Халид Бешлиќ.

    Тој настан имаше влијание, не само на здравјето, туку и на понатамошниот тек на кариерата на фолк легенда.

    – Секој ден поминувам покрај местото каде што имав несреќа. Постојано размислувам дали можеше нешто да се промени тогаш. Имам последици – не гледам на едното око, но останатото го санирав. Посакувам да не се случеше, а можеби и тоа е добра работа, бидејќи од тогаш престанав да пушам и тоа е многу важно за мојата кариера. Кога ме однесоа во болница и ме ставија во вештачка кома, добив вода во белите дробови. Имав лош имунитет. Настана борба за мојот живот. Го изгубив едното око – рекол Халид.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img