More

    Ладислав Врабел ги обедини крајната левица и десница за на крајот да избега

    spot_img

    Ладислав Врабел, Чехот кој крена паника дека неговата земја ќе ја нападне Русија со атомска бомба на што Москва секако ќе возврати, е баран од чешката полиција. Врабел е познат како организатор на антивладините протести во кои успеа да ги обедини екстремната десница, екстремната левица и антиваксерите, пишува Н1. Се смета дека Врабел сака да избегне судење криејќи се во Србија каде пробува да почне бизнис со недвижнини во кој главното мото ќе биде Чесите да купат стан во Србија бидејќи таму ќе бидат побезебедни кога ќе почне војната со Русија.

    Како овој човек ја крена паниката на Твитер?

    „Седнете на каучот и уживајте во последните неколку месеци од вашиот живот. Нашата влада сака да ја нападне Руската Федерација од бомбардери со проектили со нуклеарни боеви глави. А Руската Федерација ќе возврати и ќе испрати проектили со нуклеарни боеви глави во Чешка“, напиша Врабел на социјалната платформа.

    За ширењето на паника, според чешките закони, му за заканува затворска казна до две години.

    Во врска со пораката на Врабел до Чесите на Твитер дека треба да се плашат, експертите предупредија дека Чешка нема ниту ракети со нуклеарни боеви глави, ниту авиони способни да ги истрелаат, бидејќи воздухопловните сили користат шведски борбени авиони ЈАС-39 Грипен и тактички домашно производство авиони Л-159, кои немаат таква опција.

    Евентуалното купување на американски авиони Ф-35А способни да носат нуклеарни боеви глави, доколку воопшто се потпише договор на крајот на следната година, би можело да се реализира најрано од 2027 до 2029 година.

    Врабел успеа да собере 70.000 демонстранти во Прага на почетокот на септември со неговиот повик до Чешка да направи надворешнополитички пресврт и да се сврти кон Русија, бидејќи наводно веднаш ќе добие евтин гас.

    Но, не страдаат само русофилите во Чешка. Истовремено, полицијата води истрага и за кривичната пријава против министерот за внатрешни работи, Вито Ракушан, за поставување чешки и украински знамиња на зградата на чешкото МВР во Прага, меѓу кои и портрет на рускиот претседател Владимир Путин чија глава е прикажна како ѕирка од црна торба во која има мртво тело.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img