More

    Квалификации за Европското првенство во ракомет

    spot_img

    Македонската ракометна репрезентација победи на гостувањето кај Турција со убедливи 36-27 и направи крупен чекор кон пласман на.

    По лесната победа над Луксембург, денеска македонските ракометари играа во далечниот Ван против Турција. Момците на Кире Лазаров доминираа и на денешниот натпревар, забележаа убедлива победа од девет голови разлика и веќе е јасно дека без големи проблеми ќе обезбедат едно од првите две места на табелата и ќе се пласираат на Европското првенство.

    Денешниот меч Македонија го стартуваше фуриозно, со предност од 9-0 на стартот. Турците првиот гол го постигнаа дури во 14. минута од натпреварот. На полувремето нашата репрезентација имаше предност од 17-8.

    Во вториот дел Македонија се опушти, Турција во еден момент намали и на шест разлика, но тоа беше максимумот што го постигнаа. На крајот македонската репрезентација ги одржа тие девет голови од првото полувреме и славеше со резултат 36-27.

    Најдобар во нашиот состав беше Филип Талески со седум голови, Дејан Манасков постигна пет, а Јагуриновски четири голови.

    По првите две кола Македонија и Португалија имаат по четири бода, Турција и Луксембург се без бодови.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img