More

    Кулеба со обраќање на Генералното собрание на ОН од кое повика на „брзи, конкретни и решителни“ потези за украинската криза

    spot_img

    Шефот на украинската дипломатија Дмитро Кулеба денеска имаше обраќање на Генералното собрание на ОН од кое повика на „брзи, конкретни и решителни“ потези за украинската криза.

    Кулеба кажа дека се наоѓаме „во критичен момент од светската историја и дека денешните акции на светот ќе го дефинираат тоа што следува во следните децении“.

    – Не смееме да ги повторуваме грешките што нѐ доведоа до светски војни – рече Кулеба, апелирајќи до земјите да не ги повторуваат грешките од минатото.

    „Обвинувањето на Русија дека Украина ја ескалира ситуацијата е апсурдно“, додаде Кулеба.

    – Изјавите на Русија се нечуени и ужасни, тие ги надминуваат заканите за Украина – додаде Кулеба, мислејќи на говорот на Путин во кој тој рече дека Украина нема право да постои.

    – Секој што мисли дека претерувам треба само да го погледне овој ужасен говор на Путин – рече украинскиот министер за надворешни работи.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img