More

    Крузер со 800 патници заболени од ковид-19 се закотви во Сиднеј

    spot_img

    Брод за крстарење со околу 800 патници болни од ковид-19 се закотви во пристаништето на австралискиот град Сиднеј. Според информацииите, бродот отпловил од Нов Зеланд, а на него има околу 4.600 патници и членови на екипажот.

    Австралиската министерка за надворешни работи, Клер О’Нил, денеска објави дека протоколите за ковид се соодветни.

    Маргерит Фицџералд, претседателка на операторот за крстарење Карневал Австралија, рече дека голем број случаи почнале да се откриваат на половина пат од 12-дневното патување.

    -Сите случаи беа  или асимптоматски или благо симптоматски. Персоналот ќе им помогне на сите гости со позитивен тест „со пристап до приватен превоз и сместување за да го завршат нивниот период на изолација – рече таа.

    Бродот наскоро ќе замине за Мелбурн.

    Бројот на болни од ковид се зголемува низ Австралија, само во Нов Јужен Велс за една недела има 19.800 нови случаи.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img