More

    Кевин Костнер заплака на Кан

    spot_img

    Познатиот актер вчера на „Канскиот фестивал“ го претстави филмот на кој работел со децении, „Horizon: An American Saga“.

    На 77-от „Кански филмски фестивал“ вчера беше одржана премиерата на филмот во режија на Кевин Костнер, кој ја толкува и главната машка улога.

    Пред свечената премиера, холивудскиот ветеран се прошета на црвениот тепих во придружба на пет од неговите седум деца.

    Претходно во текот на денот, тој позираше со најмладиот син Хејз, кој глуми во филмот на својот татко и кој го добил името по главниот јунак бидејќи станува збор за проект на кој Костнер работел со децении.

    Во Кан, заедно со него покрај Хејс, беа и Лили, Грејс, Ени и Кејден, а по свечената проекција актерот беше награден со седумминутни овации кои го доведоа до солзи.

     

    – Жал ми е што моравте толку долго да аплаудирате за да сфатам дека треба да говорам – се пошегува тој потоа.

    Тој рече дека добри луѓе се во публиката.

    – Вие сте добри луѓе … Ова е толку прекрасен момент, не само за мене, туку и за актерите кои се тука со мене, за луѓето кои веруваа во мене, кои продолжија да работат. Ова е забавна работа и многу ми е мило што ја најдов. Ниедно место не е како ова. Ова никогаш нема да го заборавам, а нема ниту моите деца – додаде Костнер.

    Костнер не зборувал многу за својот приватен живот, но по раѓањето на Кејден, најстарото дете, кое го има со поранешната сопруга Кристин Баумгартнер, тој изјави дека е загрижен што нема да биде тука за своите најмлади деца.

    Кејден се роди кога Костнер имаше 52 години, а тој призна дека се надева дека ќе ја има истата енергија во себе како во младоста кога станал татко на своите најстари деца.

    – Мојот најголем страв е дека моето ново дете ќе го воспитува некој друг, што значи дека мојот живот прерано ќе заврши. Не би можел да го научам што значи да се биде маж. Сакам да бидам јас онаа личност која ќе му раскажува за животот – рече актерот.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img