More

    Крадела накит додека чистела по станови во Скопје

    spot_img

    Полициски службеници од СВР Скопје вчера ја лишиле од слобода скопјанката М.А. (45), осомничена дека во претходниот период извршила кражби во три станови во Скопје, при што одзела накит со вкупна вредност од околу 960.000 денари.
    Таа била пријавена на 14.03.2022 од сопственичките на трите станови, информираа денеска од МВР, каде повремено било ангажирана за чистење, под сомневање дека ја искористила нивната доверба и во повеќе наврати одзела поголемо количество златен накит.

    – На 16.03.2022, врз основа на судска наредба, биле извршени претреси во домот на М.А. и во домот на нејзината мајка, при што бил пронајден дел од накитот, кој бил вратен на сопственичките. М.А. била приведена во полициска станица и по целосно документирање на случајот против неа ќе биде поднесена соодветна пријава – појаснуваат од МВР.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img