More

    Ковачевски: Станува збор за стратешки европски поврзани коридори и затоа Парламентот вчера одлучи овие закони да се разгледуваат на Комисијата за европски прашања

    spot_img

    Станува збор за стратешки европски поврзани коридори и затоа Парламентот вчера одлучи овие закони да се разгледуваат на Комисијата за европски прашања – објасни денеска премиерот Димитар Ковачевски, одговорајќи на прашањето за означувањето со европско знаменце на законските измени поврзани со коридорите 8 и 10д.

    – Со оглед на тоа дека овие, како и низа други закони беа блокирани во Собранието, а имаат за цел унапредување на различни делови во нашето општество, беше одлучено да одат на Комисијата за европски прашања, која обезбедува нивно побрзо усвојување и побрзо работење на терен. На граѓаните им се потребни коридори, а не дневно политички препукувања – рече Ковачевски.

    Ковачевски потенцираше дека европската агенда е единствена агенда на оваа Влада во однос на прашањата поврзани со интеграциите на државата.

    – Станува збор за два исклучително важни коридора, но и за други стратешки инвестициски проекти кои се прават или ќе се прават во државата, во делот на патната, железничката или енергетската инфраструктура. Владата поднесе пет измени на закони, односно усогласувања, за да се овозможи побрза и поефикасна градба, но и градба со финансиска конструкција која ќе биде пониска од она што е со постојаната регулатива – рече Ковачевски во одговор на новинарско прашање, по почетокот на градежните работи на инвестициски проект на компанијата „Магна Мехатроникс“ во ТИРЗ- Штип.

    Тој повтори дека изградбата на автопатите на Коридорот 8 и на Коридорот 10д е најголемиот стратешки проект во историјата на нашата држава со којшто ќе се градат 110 километри автопат. – После децении и децении немање автопат кон Албанија и експресен пат кон Бугарија кој што веќе се прави, се овозможува државата да биде поврзана со Коридорот 8. Инаку, Коридорот 8 до сега никогаш не беше на мапата на паневропските коридори и благодарение на Италија, Албанија, Северна Македонија и Бугарија, веќе овој месец нашиот министер за транспорт и врски во Брисел ќе го потпише меморандумот во однос на ставањето на Коридорот 8 на мапата на паневропските коридори, како што е Коридорот 10 единствен коридор во државата кој што ние до сега го имаме – рече Ковачевски.

    ВМРО-ДПМНЕ: Нема ништо европско во злоупотребата на европското знаменце

    Кршењето на законите и процедурите не е европска вредност. Уште помалку европска вредност е 60 часовната работна недела која е и спротивна на Устав. Еоамбасадорот Гир веќе потенцираше дека европското знаменце се злоупотребува за носење на законските измени на законите за коридорите 8 и 10Д – реагира ВМРО-ДПМНЕ со соопштение.
    Ковачевски ја користи ЕУ како параван за сопствениот криминал, и штети на угледот на Унијата во Македонија. ЕУ не е криминал, кршење на закони и самоволие. ЕУ е почитување на законите, владеење на правото, систем кој функционира Ковачевски нема капацитет да ја води државата кон ЕУ, со секој ден повеќе на Ковачевски како премиер, Македонија е се подалеку од ЕУ“ – се вели во соопштенитео на ВМРО-ДПМНЕ.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img